Учество на четвртиот состанок на партнерите во ВЕТ трејсер истражувањето

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/20191001_120516.jpgПеток, 18 октомври 2019 години

На 1 октомври, во Рига, Латвија се одржа четвртиот состанок на партнерите во  ВЕТ трејсер истражувањето.

Имено, се работи за истражување, кое го спроведуваат заеднички, според усогласена методологија, неколку национални агенции од неколку европски држави: Полска, Белгија, Латвија, Велика Британија, Ирска, Австрија, Словачка, Чешка и Северна Македонија.

Целта на ова истражување е да се следи кариерниот развој на учесници во мобилности за стручно образование и обука, во рамките на Еразмус+ програмата и кои се ефектите од учеството во тие мобилности.

Истражувањето се состои од квалитативна, квантитативна анализа, национални извештаи и компаративна анализа на резултатите добиени во сите држави учеснички во истражувањето.

На состанокот беа презентирани резулатитите од сите национални истражувања, се водеше дискусија за трендовите, спецификите на одредени држави, заедничките карактеристики и слично.

На состанокот, како претставници од НАЕОПМ, учествуваа Маја Колекеска и Марија Стефковска.

Назад