УЧЕСТВО НА ДИРЕКТОРКАТА ДИМОВА НА ЕВРОПСКА МЛАДИНСКА КОНФЕРЕНЦИЈА И НЕФОРМАЛЕН МИНИСТЕРСКИ СОСТАНОК ЗА МЛАДИ ВО ВИЕНА

tl_files/docs/eplus/2018/Images/Dzep2018/vienna/image005.jpgСреда, 19 септември 2018 година

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова и г. Ѓорги Тасев, посебен советник за млади и спорт во Владата на Република Македонија, од 2 до 4 септември учествуваа на Европска младинска конференција и неформален министерски состанок за млади во Виена.

Во рамките на младинската конференција и неформалниот министерски состанок се разменија многу мислења, контакти, идеи за идни соработки со: министерката за млади, жени и семејства на Австрија, Жулиан Богнер – Штраус, со европскиот комесар за образование, култура, млади и спорт, Тибор Наврачич, потоа со министерот за млади и спорт на Србија, Вања Удовчич, со амбасадорката на Македонија во Австрија, Василка Поповска – Треневска, со претставници од Бугарското министерство за млади и спорт и со претставници од националниот младински совет на Романија

Во рамките на посетата, дискусиите и конференцијата, се зборуваше за следните теми и беа донесоа следните заклучоци:

Врз основа на претходната младинска конференција, која се одржа во Софија, Бугарија, се развија 11 младински цели: поврзување на ЕУ со младите, родова еднаквост, инклузивни општества, информативен и конструктивен дијалог, ментално здравје и благосостојба, движење на младите од руралните средини напред, калитетни вработувања за сите млади, квалитетни учење и образование, простор и партиципирање за сите, одржлива зелена Европа и младинско организирање и европски програми.

На неформалниот министерски состанок за млади, се донесоа три заклучоци:  Еразмус+ програмата, која завршува 2020 потребно е да се обнови и надогради, се креира програма наследник на Европскиот корпус за солидарност 2021-2027 и нова Европска стратегија за млади во која ќе бидат интегрирани младинските цели.

Исто така учесниците донесоа заклучок дека е клучно да се влезе во дијалог со младите од цела Европа и да се постави пат за интеграција на младинските цели во идната Европска стратегија за млади. Според нив клучните цели за младите треба да бидат отворени и достапни за секој млад човек и да се работи повеќе со младите на локално и и на рурално ниво.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/Dzep2018/vienna/image002.jpg

Назад