Учество на директорката Димова на тркалезна маса на тема „Спорт за општествена акција“

Понеделник, 14 мај 2018 година

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова учествуваше на тркалезна маса на тема „Спорт за општествена акција“, во организација на Младински сојуз - Крушево, а со финансиска поддршка од Еразмус + програмата на Европската унија, што се одржа на 12 мај.

Таа ги запозна учесниците на тркалезната маса со програмата на Еразмус + и со инструментите кои им стојат на располагање. Воедно истакна дека акцијата спорт во Еразмус + програмата вклучува спорт, здравје (кое опфаќа активности за борба против дебелеење) и локални спортски активности.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/12May2018/32467734_1680664005350326_7446146468492083200_n.jpg

По нејзиното излагање имаше прашања од учесниците на семинарот од Романија, Грција, Словенија и Македонија, кои се интересираа за повеќе детали од програмата на Еразмус +.

На тркалезната маса учествуваа претставници на партнер организациите на Младински сојуз - Крушево од Романија, Грција, „Специјална олимпијада“ од Словенија и „Специјална олимпијада“ од Македонија.

Назад