УЧЕСТВО НА ЕКВЕТ СОСТАНОК ВО СОЛУН

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/solun/43787641_1947131455330499_5958015793068244992_o.jpgЧетврток, 18 октомври 2018 година

На 11 и 12 октомври 2018 година, во ЦЕДЕФОП Солун, Грција, се одржа состанок за ЕКВЕТ.

На состанокот од Македонија учествуваа националната координаторка за ЕКВЕТ, г-ѓа Лулеса Илјази од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и надоврешната експертка за ЕКВЕТ, г-ѓа Славица Димовска.

Oстанатите учесници на семинарот од Европа беа националните координатори на ЕКВЕТ тимовите, експертите за ЕКВЕТ и корисници на ЕКВЕТ.

Целта на состанокот на ЕКВЕТ мрежата 2018 беше иднината на ЕКВЕТ во однос на новите политички рамки и во контекст на идното стручно образование и обука.

Резултатите од следните студии беа достапни и презентирани на состанокот со цел да се расправа за идната улога на ЕКВЕТ: „Професионална мобилност во Европа надвор од Еразмус+" (DG EMPL), „Инструменти кои ја поддржуваат политиката на ЕУ за стручно образование и обука" (DG EMPL) и „Иднината на стручното образование и обука" (CEDEFOP).

Состанокот на Мрежата нудеше можност учесниците да обезбедат повратна информација во врска со иднината на ECVET и EQAVET пред Европската комисија да донесе конечна одлука за следните чекори.

Вториот ден од состанокот беше фокусиран на обуката и поддршката што им се нуди на експертите на ЕКВЕТ, како и работата што ја вршат во врска со долготрајната мобилност.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/solun/43787951_1947131301997181_1290022040425725952_o.jpg

На состанокот се разгледуваше обуката и поддршката на експертите за ЕКВЕТ за долготрајната мобилност, информации и активности за поддршка преземени од ЕКВЕТ експерти за долготрајната мобилност, како и истражување за тоа како работодавците можат да бидат ангажирани.

Информациите, знаењето и искуството од овој состанок ќе се искористат за идниот развој на ЕКВЕТ системот во Република Македонија.

 

Назад