УЧЕСТВО НА ЕВРОПСКИ САМИТ ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

tl_files/docs/eplus/2019/photos/MAJ/Zane/Evropski samit/22334.jpgПонеделник, 26 август 2019  година 

Во периодот од 4 до 5 јули, директорката Лидија Димова и Маја Колекеска, како претставнички од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, учествуваа на Европскиот самит за претприемништво во образованието, којшто се одржа во Лил, Франција.

Покровител на настанот беше претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Во рамките на настанот беше организирана презентација на најдобрите бизнис идеи на повеќе од 200 средношколци од над 40 држави од Европа, вклучително и учесници од нашата држава кои што се натпреваруваа за повеќе награди.

Исто така, како дел од самитот, организирани беа серија на панел дискусии за размена на искуства и добри практики во поттикнување на претприемништвото, на коишто зедоа учество претставници од бизнис секторот, образовни институции, младински организации коишто активно работат на поддршка и едукација на младите претприемачи, високи претставници на Европската комисија, Европскиот парламент, како и останати носители на јавни политики од повеќе држави од Европа. 

Во рамките на настанот беше одбележан и јубилејот од 100 години постоење Џуниор Ачивмент, организација којашто активно работи на поттикнување на претприемништвото.

Назад