Учество на координативен состанок за повеќе-корисничка годишна програма
Петок, 29 јуни 2018 година
Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, на 28 и 29 јуни, учествуваше на „Координативен состанок за повеќе-корисничка годишна програма“, во организација на Секретаријатот за европски прашања.
На координативниот состанок директорката Димова зеде активно учество со препораки и забелешки околу програмирањето на средствата за повеќе-корисничката годишна програма, со осврт на образованието, младите и културата, грѓанското општество и реформата на јавната администрација.