УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА РАМНОМЕРЕН РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ ВО ЈУГОИСТОЧЕН РЕГИОН

tl_files/docs/eplus/2019/photos/juni/strumica/61918914_3262463363779380_8068979115107024896_o.jpgПонеделник, 10 јуни 2019 година 

На 6 јуни 2019 година, во хотел Сириус, во Струмица, претставникот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г. Астрит Реџепи, учествуваше на Меѓународна конференција за рамномерен регионален развој во Југоисточен регион, каде имаше излагање на тема: „Младите и образованието во склоп на програмата ЕРАЗМУС+“.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, како институција која ги промовира и спроведува европските програми во областа на образованието, обуката, младите и спортот во нашата земја, беше поканета да ги презентира можностите што ги нуди агенцијата, во рамките на ЕРАЗМУС+ програмата.

Целта на конференцијата беше да се подигне свеста за рамномерниот регионалнен развој и да се поттикне соработка и вмрежување на клучните чинители од регионот кои придонесуваат за регионалниот развој.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/juni/strumica/62421412_2928417093865751_3672443874145468416_o.jpg

Назад