УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДНА МЛАДИНСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО КРУШЕВО

tl_files/docs/eplus/2018/Images/Dzep2018/krushevo/42965561.jpgПонеделник, 1 октомври 2018 година

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, учествуваше на Меѓународна младинска конференција на тема „Европски вредности за иднината на државите од Југоисточна Европа“.

Конференцијата се одржува во хотел Монтана, во Крушево, од 27 септември до 1 октомври, во организација на Младинскиот сојуз од Крушево.

На 30 септември, на последниот ден на конференцијата со сесии, на сесијата    „Улогата на граѓаните за општествена промена на границите", модерирана од г. Петрус Теунис говорници беа г-ѓа Симона Гетева, организатор на заедницата, г. Џон Лутон, меѓународен тренер за лидерство, социјален претприемач, активист за младински права и мотивациски говорник и г-ѓа Лидија Димова, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Директорката Димова во своето излагање говореше за улогата на организациите од локалната самоуправа и која е нивната улога во општествените промени, при што беше спомната шарената револуција во процесот на промена на власта во Република Македонија.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/Dzep2018/krushevo/42897555.jpg

Назад