Учество на НА на меѓународната конференција од Еразмус+ проектот СПОДЕЛЕНО ПРИЈАТЕЛСТВО

tl_files/docs/eplus/2019/photos/may/BACAU/IMG-609299d19-V.jpgОд 25 до 27 мај 2019 година, претставниците на Националната агенција Снежана Орловиќ Стојановиќ и Дејан Златковски учествуваа на меѓународната конференција во рамките на проектот Споделено пријателство, финансиран од романската национална агенција, а која што се одржа во романскиот град Бакау. Две македонски училишта, ООУ Методи Митевски Брицо од Општина Лозово и ООУ Тодор Јанев од Општина Чашка беа партнери во проектот во кој што учествуваа шест училишта од Романија, Северна Македонија, Бугарија, Полска и Италија.

Целта на проектот е да ја зацврсти самодовербата кај учениците, да ја подигне свеста за борбата против насилството во училиштата и преку откривање на богатствата на другите култури учениците да ја развијат толеранцијата и почитта кон другите. Посетите, средбите и обуките што се дел од овој проект во изминатите две години овозможија наставниците да развијат методи и вештини што ќе им овозможат целите на проектот да ги инкорпорираат во секојдневната настава во училиштата.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/may/BACAU/IMG-93600ba3-V.jpg

Од страна градоначалниците на општините Лозово и Чашка беше искажана подготвеност за понатамошна поддршка на училиштата за нивното учество во меѓународните проекти. Националната агенција ги охрабрува учесниците во проектот за дисеминацијата на резултатите од истиот, но и понатамошна презентација на проектот пред другите чинители во образовниот процес со цел позитивните практики од овој проект да станат дел образовниот процес на национално ниво.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/may/BACAU/IMG_20190525_112233.jpg

tl_files/docs/eplus/2019/photos/may/BACAU/IMG_20190525_093711.jpg

Назад