Учество на Националната Агенција на настан Унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUN2018/sicilija/IMG-4071ce5a3e8c2572924ea30b44fe6ac0-V.jpgЧетврток, 7 јуни 2018 година

Претставници на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност учествуваа на работилница на тема „Унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина“ - (Законска регулатива на БЗР во Република Македонија), која се одржа од 30 мај до 4 јуни 2018 година, на Сицилија.

Фокусот на работилницата беше запознавање со законските барања за безбедност и здравје при работа, потоа на превенцијата и управувањето со ризикот и поттикнување на сите чинители активно да се вклучат во намалувањето на ризиците (работодавачи, раководители, работници и нивните претставници) да работат заедно за да ги намалат ризиците, односно целта е подигање на свеста за култура на безбедно работење на сите вработени во институциите.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUN2018/sicilija/IMG-736223fb762a0092fd144e16108c2e93-V.jpg

Исто така, беше обрнато особено внимание наанализирање на проблемите со кои се соочуваат работниците и работодавачите, анализирајќи ги и следејќи ги промените и дополнувањата во Законот за БЗР, согледувањата и правилната примена на ЕУ директивите, како и постапувања според Законот за безбедност и здравје при работа во согласност со Законот за работни односи, со цел да се  развие модул за подобрување на здрава и безбедна работна средина, а со тоа и да се намали и ризикот за поврeда на работно место.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUN2018/sicilija/IMG-b5103d2b234ef888310ea99b7d46daec-V.jpg

Назад