Учество на Националната агенција на меѓународен настан за претприемачко образование

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUN2018/Budapest/IMG_20180604_133240.jpgПонеделник 11 јуни 2018

Националната агенција за европски образовни програми учествуваше на тркалезната маса за претприемачко образование што на 4 јуни 2018 беше организирана во Будимпешта од страна на Junior Achievement Europe и Entrepreneurship Education Hub. Настанот беше потпомогнат од Министерството за технологија и иновации на Република Унгарија.

Целта на настанот беше низ отворена дебата да се извлечат заклучоци за имплементација на претприемачкото учење на националните нивоа, како да се овозможи подобра синергија на националните системи на меѓународно ниво и како EE-HUB и ЈА Europe може да придонесат во процесите на развој на политиките за претприемачко образование. Во дебатата присуствуваа експерти од владини институции, меѓународни организации, компании и истражувачки центри, а како квалитетниот образован процес може ефективно да ги развие клучните компетенции на заинтересираните ученици беше проследено низ презентацијата на младиот претприемач Борис Колев еден од основачите на бугарската компанија DIGIMARK.

Од страна на претставникот на Националната агенција, Дејан Златковски, во дискусиите беше презентиран статусот на претприемачкото образование во Македонија – како земја која има засебна стратегија за развој на претприемачкото образование – при што акцент беше ставен на потребата од евалуација на досегашните активности, понатамошниот развој на наставните планови и програми и подготовките за развој на новата стратегија за претприемачко образование на национално ниво за периодот по 2020 година.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUN2018/Budapest/IMG_20180604_150857.jpg

 

Назад