Учество на Националната агенција на меѓународна конференција во Лозово

tl_files/docs/eplus/2018/Images/May2018/Lozovo-IMG_20180515_092114.jpg

Четврток, 17 мај 2018

 

На 15 мај 2018 година претставници на Националната агенција, Дејан Златковски и Снежана Орловиќ, учествуваа на меѓународната конференција во рамките на проектот „Споделено пријателство“ (L’amitié en partage) од Еразмус+ програмата организирана во Лозово. Домаќин на конференцијата под наслов „Мултикултурализмот и толеранцијата во контекст на професионалниот развој на наставниците“ беше училиштето Методи Митевски Брицо од Лозово. Проектот е финансиран во рамките на Еразмус+ клучната акција КА201 – Стратешки партнерства во училишно образование од страна на романската национална агенција, а координатор на проектот е Гимназијата Александру цел Бун (Alexandru cel Bun) од Бакау.

 

Конференцијата ја отвори градоначалникот на Лозово г-дин Ацо Велковски, по што на присутните- во името на директорката на Националната агенција Лидија Димова, им се обрати Дејан Златковски. Во поздравниот говор беше нагласена важноста на овој проект кој што со своите цели придонесува за втемелување на европските вредности и контекст во македонското образование, како и за подобрување на квалитетот на професионалниот развој на наставниците.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/May2018/Lozovo-IMG_20180515_093021_BURDzT001_COVER.jpg

 

Во продолжение на настанот, лидерскиот тим на проектот со координаторката Елена Софика Думитреску и Светлана Стојкова ги образложија целите на конференцијата како дел од активностите планирани со проектот. На конференцијата присуствуваа 40 претставници од училишта од Македонија, Бугарија, Романија, Полска и Италија.

 

tl_files/docs/eplus/2018/Images/May2018/Lozovo-IMG_20180515_094946.jpg

Воедно, претставници на Националната агенција учествува и на меѓународната конференција „Образовни реформи: предизивици и перспективи во образованието на наставниците“ организирана од Институтот отворено општество со цел преставување на резултатите од истражувањето професијата наставник фокусирано на неколку клучни области: иницијално образование за наставници и студиски програми, вработување, професионален развој и поддршка, кариерно напредување. На конференцијата учесници од странство ги презентираа искуствата на Словенија, Косово, Албанија, Англија.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/May2018/MDzU-IMG_20180515_115443.jpg

 

Назад