Учество на неформален состанок за ВЕТ во Пореч

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/20191010_092305.jpgПеток, 18 октомври 2019 година

Во периодот од 8 до 12 октомври во Пореч, Република Хрватска, беше одржан неформален состанок за вработените во Националните агенции, кои работат во полето на стручното образование и обука.

На настанот учествуваа вработени од Националните агенции ширум Европа, а од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност присуствуваа Марија Стефковска и Маја Колекеска.

Настанот го отвори заменик-директорката на Националната агенција од Хрватска, г-ѓа Љубица Петровиќ, а, исто така, говореше и претставничката на Министерството за образование и наука на Република Хрватска, г-ѓа Весна Хрвојшиќ, која зборуваше за состојбата на стручното образование и обука во државата.

Во рамките на состанокот имаше неколку работни сесии на повеќе теми, меѓу кои: квалитетот на ВЕТ мобилностите, подобрување на квалитетот на апликациите, поддршка на корисници, евалуација, инклузија, мониторинг и управување со ризик и слично.

Вработените од Националните агенции на овој настан имаа можност да разменат искуства и добри практики со своите колеги од другите Национални агенции, како и да се запознаат со промените и новитетите кои ги носи новата Еразмус+ програма 2021-2027, во полето на стручно образование и обука.

Назад