УЧЕСТВО НА ОБУКА НА ДИРЕКТОРИ НА НАЦИОНАЛНИ АГЕНЦИИ ЗА ПРИСПОСОБУВАЊЕ КОН ПРОМЕНИТЕ ВО РАБОТНИТЕ СРЕДИНИ

Вторник, 25 септември 2018 година

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова и г-ѓа Милена Петрушевска, претставничка на агенцијата, од 18 до 20 септември 2018 година, учествуваа на обука за директори на национални агенции за приспособување  кон промените на работните средини.

Обуката се одржа во Малта, во организација на Националната агенција на Малта на која учествуваа околу дваесет агенции од програмските земји.

Целта на обуката беше да одговори на потребите за промени во рамките на агенциите со цел поефективно и поефикасно спроведување на новата Еразмус програма 2020-2027, како и новите регулативи за Еразмус и Европскиот солидарен корупус.

На обуката беа презентирани аналитички податоци за разни процеси во националните агенции, фактори и алатки при спроведување на промените, а воедно најдобрите практики за најзначајните процеси беа дискутирани во повеќе работни групи.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/Dzep2018/Malta/image001.jpg

Назад