Учество на обука за кариерни консултанти

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/78772629_10156827308263603_1039081480870952960_n,1.jpgСреда, 11 декември 2019 година

Претставници на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, на 10 и 11 декември учествуваа на Националната обука за кариерни колсултанти, која се одржа во Софија, во Бугарија, а која беше организирана од страна на Еврогајденс центарот при Националната агенција на Бугарија.

Обуката која траеше два дена беше тематски поделена: првиот ден главно се темелеше на презентации за целите и програмата на обуката, на професионалниот профил за кариерен консултант, потоа кариерното ориентирање и консултирање во динамична перспектива: професиите на иднината и иднината на пазарот на трудот.

Во текот на вториот ден беа презентирани методи и техники на кариерно советување и насочување на ученици (од основно, средно и високо образование), како и споделување на добри практики и искуства во работата.tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/80046268_10156827308183603_3399367980860047360_n, 2.jpg

Назад