Учество на Обука за примарни проверки

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUL/Atina/Atina1.jpgСреда, 11 јули 2018 година

На 28 и 29 јуни 2018 година, во Атина, се одржа Обука за примарни проверки како дел од неформалните средби на националните агенции, организирана од Националните агенции на Грција и на Велика Британија, на која присуствуваа Лулеса Илјази и Милена Петрушевска од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

На обуката беа презентирани нови практики и воедно беа разменети искуства и методологии преку презентации и работилници по областите од Еразмус+ програмата.

Презентери на обуката беа претставници од Националните агенции oд Грција и од Велика Британија, потоа од Европската комисија и од Европскиот суд на ревизори.

Назад