УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИЦИ НА НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ ВО ПРЕЗЕНТАЦИИ ЗА ПОДОБРО РАЗБИРАЊЕ НА ЕВРОПСКИТЕ ФОНДОВИ И ПЕРСПЕКТИВИ

tl_files/docs/eplus/2019/photos/mar/ipa2/IMG_9270.JPGСреда, 6 март 2019

Претставници на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, одржаа неколку презентации за можностите на програмата Еразмус+, во рамките на проектот „Локален консултативен механизам за ИПА2“.

Презентациите беа реализирани во текот на месец февруари и март, како дел од работилниците за подобро разбирање на европските фондови и перспективи.

Учесници на настаните беа претставници од образовни институции (градинки, училишта, универзитети), младински организации и други претставници од граѓанскиот сектор од неколку општини.

Настаните беа реализирани на повеќе локации и тоа:

-          Општина Струмица, во хотел Вила, на 21.2.2019 од страна на г-ѓа Љупка Ќуркчиева, г. Дејан Миланов и г-ѓа Билјана Новаковска;

-          Град Скопје, во Котур, од страна на г-ѓа Љупка Ќуркчиева и г. Дејан Миланов;

-          Општина Тетово, на 27.2.2019, каде домаќин беше Младинскиот образовен форум, претставникот на Националната агенција, г. Астрит Реџепи;

-          Општина Битола, каде домаќин беше Младинскиот Културен центар, на  4.3.2019, а претставници од Национална агенција беа: г. Астрит Реџепи, г-ѓа Маја Колекеска и г-ѓа Билјана Новаковска.

Во рамките на овие настани претставени беа можностите за подготовка на проекти во програмата Еразмус+, целите и приоритетите на програмата, расположивите буџети, роковите за аплицирање, содржината на апликациските формулари, правилата за финансирање, како и процедурите за избор и селекција на проектите.

Учесниците покажаа голем интерес за учество во програмата и активно беа вклучени во повеќе дискусии.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/mar/ipa2/IMG_9281.JPG

tl_files/docs/eplus/2019/photos/mar/ipa2/53394998_1025378264318077_8192481629847945216_n.jpg

Назад