УЧЕСТВО НА СЕМИНАР ЗА МЛАДИНСКА РАБОТА И МЛАДИНСКИТЕ ПОЛИТИКИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

Понеделник, 19 ноември 2018 година

Европската комисија, во соработка со Советот на Европа преку заедничко партнерство, од 13 до 15 ноември 2018 година во Љубљана, Словенија, имплементираа семинар за младинската работа, релевантен за младинските политики во Југоисточна Европа.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/ljubljana/20181113_105729.jpg

Претставниците од Македонија, директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова и г.  Јовица Митевски од Стратегиски партнерства од полето на млади, учествуваа на работилниците од семинарот, а со својата контрибуција придонесоа кон идентификување недостатоци помеѓу младинскиот сектор и релевантните институции, текот и развојот на младинската политика на национално ниво, како и меѓусекторски пристап кон младинското учество.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, ги поддржува и активно е вклучена во процесите за подобрување и за реформите на младинските политики на национално ниво преку активно учество во дебатите и состаноците во младинскиот сектор, но воедно и со финансиска поддршка преку клучната акција 3 за Структурен дијалог.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/ljubljana/20181114_152144.jpg

Назад