УЧЕСТВО НА СЕМИНАР ЗА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/montenegro/20181025_113249.jpgПонеделник, 29 октомври 2018 година

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, со своите претставници г. Александар Богојевски и г. Астрит Реџепи присуствуваше на семинар/панел дискусија организиран од страна на Академската асоцијација за соработка, а во врска со високото образование во Западен Балкан, кој се одржа во Подгорица, Црна Гора на 24 и 25 октомври 2018 година.

Претставниците од Националната агенција, г. Александар Богојевски и г. Астрит Реџепи беа дел од панелистите на истоимената дискусија при што ги споделија своите искуства во врска со програмата Еразмус+ како и по однос на високото образование во регионот.

Тие го споделија своето искуство со присутните и во насока на што поскоро акредитирање и екипирање на еразмус+ канцелариите од Западен Балкан.

На панел дискусијата присуствуваа и претставници од Националните агенции од Холандија, Србија, Финска и Грција, воедно и претставици од канцелариите за Еразмус+ од Косово, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина.

На истоимената панел дискусија присуствуваа и учесници од Western Balkan Alumni Association – WBAA.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/montenegro/IMG-5569a8b4211348557d2b1032120d1f1f-V.JPG

Назад