УЧЕСТВО НА СОСТАНОК НА МРЕЖАТА НА НАЦИОНАЛНИ АГЕНЦИИ ЕРАЗМУС+: МЛАДИ ВО АКЦИЈА

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/vienna/44981998_1843124005763480_2914943610296205312_n.jpgСреда, 31 октомври 2018 година

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г. Лидија Димова, Снежана Симоновска, раководител на Сектор за индивидуални мобилности од областа на образованието, обука и млади и г. Гоце Величковски, раководител  Сектор за координација и реализација на европските програми и мрежи, учествуваа на редовен состанок на мрежата на национални агенции за Еразмус+, Млади во акција, кој се одржа од 23 до 25 октомври 2018 година, во Виена, Австрија.

На почетокот на работниот дел на состанокот воведни обраќања имаа г. Андреас Шнајдер, раководител на Сектор за европска и меѓународна младинска политика во Федералната канцеларија на Австрија и г. Герхард Мосхамер, директор на НА Австрија.

Работниот дел на состанокот започна со презентација на последните случувања во делот за млади во Еразмус+ и во Европски солидарен корпус. Господин Роберт Франче, како претставник на Генералнот директорат за образование, млади, спорт и култура (DG EAC),  даде детален осврт кон целокупната состојба во овие два дела со посебен осврт на последниот рок за аплицирање за Еразмус + во делот за млади и првиот рок за Европски солидарен корпус.

За време на состанокот присутните претставници имаа можност да дискутираат за првичните искуства со процесот на аплицирање во Европски солидарен корпус (ЕСК) и научени лекции; беа споделени позитивни искуства и дадени препораки за измени во следниот Водич за програмата на ЕСК; да ги разгледаат можностите како TCA активностите да се насочат кон поддршка на имплементација на двете програми (Еразмус+ и Европски солидарен корпус).

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/vienna/45043781_555510868221739_5019033541552373760_n.jpg

Истовремено се дискутираше и за развојот на идната генерација на Еразмус+ програмата по 2020 година. А како вовед во оваа дискусија проф. Хелмут Фенес од Инсбрук Универзитетот ги презентираше резултатите од имплементација на Еразмус+ во перидоот 2014-2017.

Мрежата на национални агенции за млади го разгледа и дискутираше и за планот за работа во следниот период.

Притоа, беа утврдени и конкретни цели и активности кои треба да се реализираат за време на преземање на претседателството од страна на Романија.

Следниот состанок на мрежата на национални агенции за млади ќе се одржи во 2019 година, во Букурешт, Романија.            

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/vienna/45199211_617294002019889_7018302038580658176_n.jpg

Назад