Учество на состанок за Еразмус+

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/IMG_20191114_112039,1.jpgЧетврток, 21 ноември 2019 година

Во периодот од 13 до 15 ноември, на покана од Генералниот директорат за образование, млади, спорт и култура, претставници од Националната агенција присуствуваа на состанок за Еразмус+, високо образование кој се одржа во Брисел, Белгија.

На состанокот присуствуваа претставници од Генералниот директорат за образование, млади, спорт и култура, Извршната агенција од Брисел, Национални агенции и Еразмус+ канцеларии од Европа, Азија и Африка, претставници од Western Balkan Alumni Association и ESN – Европска студентска мрежа.

На состанокот се дискутираше за продлабочување на соработката во делот на високото образование во рамките на програмата Еразмус+, како и подобрување на методите на соработка согласно новата програма што нè очекува после 2021 година.

 

Назад