Учество на состанок за претставниците на еТвининг националните сервиси за поддршка од Европа

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/IMG_20191120_095509122, 1.jpgЧетврток, 21 ноември 2019 година

Од 19 до 20 ноември, во Брисел, се одржа состанок за претставниците на еТвининг Националните сервиси за поддршка од Европа, на кој присуствуваа претставничките од Националната агенција, Деспина Србиновска и Драгица Ивановска, а кој го водеа претставници од Европската комисија.

На состанокот се зборуваше за еТвининг приоритетите во 2020, еТвининг годишните конференции 2019 и 2020, Интеграција на еТвининг во Училишно образование и новата програма, еТвининг пролетната кампања и други тековни настани и задачи.

Исто така, се разговараше и за промените и измените во годишниот план на еТвининг активностите, апликацијата, буџетот, како и за идната програма од 2021 година.

 

Назад