Учество на WBAA-тренинг

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/9.jpgВторник, 8 октомври 2019 година

Во организација на претставници од Western Balkan Alumni Association се организираше тренинг од 27 до 29 септември, во хотел Молика, Пелистер.

На тренингот се појаснуваа правилата и процедурите за аплицирање за програмите Еразмус+, Хоризонт 2020 и COST. 

По покана на претставнци од WBAA на тренингот присуствуваа и претставници од Националната агенција, каде пред присутните членови од WBAA дадоа објаснување за правилата и процедурите на програмата Еразмус+ со акцент на високото образование. 

На тренингот присуствуваа претставници од WBAA од универзитети, училишта, невладин сектор од Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Црна Гора, Србија и Македонија. 

Присуството на претставниците од Националната агенција се реализираше и во согласност со годишниот план на Националната агенција во делот на високото образование, каде е наведена тесна соработка и поддршка за WBAA.

Назад