УЧЕСТВО ВО РАДИО ПРОГРАМА ЗА МЛАДИ И ОБРАЗОВАНИЕ НА МРТ – ПРОГРАМА НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК

Среда, 31 октомври 2018 година

На 30 октомври, претставник на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г. Астрит Реџепи, учествуваше во Радио програмата за млади и образование при Македоноската радио телевизија – програма на албански јазик.

За време на програмата се презентираа можностите во склоп на ЕРАЗМУС+, како и кој може да аплицира и кога се роковите за аплицирање.

Посебен акцент во презентацијата беше ставено на високо образование, училишно образование и млади.

Исто така беа презентирани и датумите за Инфо деновите, коишто се оддржуваат во сите градови низ Македонија.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/radio/45066604_10161195506455145_7417291353484165120_n.jpg

Назад