Важно известување до корисниците и потенцијални апликанти

15-03-2020 15:33

Почитувани корисници и потенцијални апликанти,

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ве известува дека вработените во Националната агенција, почнувајќи од утре 16.3.2020 година (понеделник), своите работни обврски ќе ги извршуваат од своите домови.

Националната агенција ќе се погрижи своите услуги да ги изврши навремено, како  во нормални услови.

Препорачуваме целата комуникација да се води со вработените преку маил, или директен телефонски разговор со службеникот кој ви е потребен.

За достава на итни и неодложни документи во архивата на Националната агенција, нив ќе можете да ги доставите на пријавница во Националната агенција, кај лицето од обезбедување, притоа оставајќи го вашиот контакт телефон и маил за понатамошна комуникација од наша страна.


Во прилог е линкот до телефонски и маил контакти од вработените во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност:



http://na.org.mk/index.php/mk/vraboteni.html

Со почит,


Н.А.Е.О.П.М

Назад