ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

25-02-2020 15:34

 

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност им укажува на своите корисници дека согласно новонастанатата состојба со вирусот Ковид 19 (Корона вирус) мобилностите и активностите, планирани за реализирање во Република Италија, времено да ги одложат и за понатамошните активности да се обратат кај овластениот програмски службеник.

Националната агенција, во периодот што следи, е целосно на располагање на своите корисници за прашања поврзани со трошоци направени во изминатиот период, но и за одобрувања на промени во временските рамки за одржување на мобилностите и активностите од проектите, и доколку има потреба продолжување на периодот на договорите.

Исто така, им се укажува на корисниците на грант, при планирање на активностите, претходно да се консултираат со партнерите во проектот дали државата каде треба да се реализира мобилноста прима странски лица за реализација на активностите.

Во врска со приемот на лица однадвор во Република Северна Македонија, Националната агенција согласно последните добиени информации известува дека во државата нема регистриран случај на заболено лице од вирусот и препорачува реализирање на активностите во државава.

За секакви настанати промени Националната агенција соодветно и навремено ќе излезе во јавност со препораки и насоки за натамошно постапување.

За корисниците на програмата Еразмус+ и Европски солидарен корпус кои имаат проблем, или во иднина ќе се соочат со проблем, поврзан со вирусот Ковид 19, а кои во моментов реализираат активности надвор од Република Северна Македонија, Националната агенција става на располагање 24-часовна поддршка преку следните телефонски броеви:

1. Александар Гочев - +38971209124

2. Марика Поповска - +38975402809

Со почит,

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Назад