Вклучување на претставници од различни сектори и можностите за мобилности во Еразмус+

tl_files/docs/eplus/2019/photos/feb/stip/2.jpgСреда, 30 јануари 2019 година

На 29 јануари 2019 година, во просториите на мултимедијалниот центар Канал 77 во Штип, се одржа настан во организација на CNVP Градење на позелена економска средина, на кој учествуваа претставници од Националната агенција за европски програми и мобилност г. Јовица Митевски, од Одделението за стратешки партнерства од областа на млади и структурен дијалог, г. Александар Богојевски, од Одделението за мобилности во високото образование, обука и млади и г-ѓа Мартина Најдоски, од Одделението за мобилности од областа на стручно и училишно образование.

На настанот земаа учество  ученици од регионот од Источна Македонија, студенти, претставници од училишта од основно и средно образование, претставници од невладиниот сектор, претставници од високообразовни институции, како и претставници од општините.

Претставниците од Националната агенција споделија повеќе информации во врска со можностите и бенефитите кои се дел од програмата Еразмус плус во областа на училишно и високо образование и областа на млади.

Присутните лица на крајот од презентацијата се вклучија во дискусија за полињата на интерес, а подетално во врска со правилата во клучните акции во кои се подобни да аплицирааат, апликациските веб-формулари, процесот на аплицирање, можноста да бидат вклучени лица со посебни потреби, признавање на вештини и квалификации.

На дискусијата, исто така, беа дадени примери за добри практики и користење на платформата Erasmus+ Project results.

Во продолжение на настанот беа презентирани искуства од еден студент и еден младински работник кои биле корисници на програмата Еразмус плус.

Присутните беа охрабрени да аплицираат и да ги искористат можностите и финансиската поддршка што ги нуди програмата.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/feb/stip/3.jpg

Назад