Заеднички состанок во Брисел за Европас, Еврогајденс и Европска рамка за квалификации

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/MAJA EQF.jpgЧетврток, 21 ноември 2019 година

На 15 ноември во Брисел беше одржан заеднички состанок за Европас, Еврогајденс и Европска рамка за квалификации.

На настанот учествуваа претставници од националните Европас и Еврогајденс центри како и национални координатори на европската рамка на квалификации. Од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, која е воедно е и национален Европас и Еврогајденс центар, учествуваа Маја Колекеска, Гоце Величковски и Александар Гочев.

За време на состанокот учесниците имаа можност да се запознаат со новитетите кои се очекуваат во идниот период, особено со создавањето на новото Европас портфолио, кое ќе овозможува лесно креирање на кратка биографија и мотивациско писмо за сите оние кои ќе ја користат оваа платформа.

За сите досегашни корисници на Европас, веќе креираните содржини, ќе можат да се пренесуваат во Европас портфолиото.

Исто така, за време на состанокот учесниците имаа можност да ја презентираат работата на националните Европас и Еврогајденс центри, како и тековната состојба во однос на усогласување на националните со европската рамка на квалификации.

За време на настанот беа разменети многу искуства, добри практики и споделени идеи за понатамошна соработка на европско ниво.   

Назад