Завршна конференција на проектот „Европа наоѓа таленти“

tl_files/docs/eplus/2018/Images/May2018/MDzU/34324007_1676088222478055_3676863666075992064_n.jpgВторник, 5 јуни 2018 година

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова денеска учествуваше на завршната конференција на проектот „Европа наоѓа таленти“.

Таа во своето излагање го искажа своето задоволство од содржината на еден ваков проект, кој уште еднаш ја потврди потребата од ревидирање на занимањата на македонскиот пазар на труд и воведувања на нови занимања како што се работници во областа на креативните индустрии, младински работници итн.

Директорката Димова посочи на можности што им стојат на располагање преку ЕРАЗМУС + централизираната мерка „сојуз на вештини“.

Проектот „Европа наоѓа таленти“ е меѓународно партнерство на тутори и обучувачи кои обезбедуваат поддршка за млади, за нивно полесно наоѓање на работа и градење на кариера од областа на културните и креативните индустрии на Европа.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/May2018/MDzU/34508505_1676088125811398_6423420154364821504_n.jpg

Проектот е финансиран од Националната агенција од Обединетото Кралство, а носител на проектот е Rinova од Лондон со интернационални партнери: MuLab од Италија, Fundacja ARTeriа, од Полска, CEPS - Projectes Socials, од Шпанија,  Prostor Plus, од Хрватска и локалните партнери: Museum of Contemporary Art – Skopje, Press to Ehit Projekt Space и EASP.

Организатор на проектот е EASP тимот Данче Чаловска и Анета Гулева.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/May2018/MDzU/34530420_1676087952478082_1337206314916380672_n.jpg

Назад