Завршна конференција на проектот Стратешки партнерства од областа на високото образование

tl_files/docs/eplus/2018/Images/May2018/svap/IMG-09a20ebe984fe2f8-2.jpgВторник, 29 мај 2018 година

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилнот, г-ѓа Лидија Димова, учествуваше на промоција на Програма за магистерски студии по Информатика и мрежна безбедност, приватност и заштита на податоци од проектот „Иновативна постдипломска програма: задоволување на пазарните потреби и воведување пионерски начини на реализирање“.

Проектот „Иновативна постдипломска програма: задоволување на пазарните потреби и воведување пионерски начини на реализирање“, се заснова на потребата за модернизација на наставните планови за високо образование, со цел да се креира напреден образовен профил оспособен да се справува со предизвици во областа на ИТ/сајбер-безбедност и заштита на личните податоци на интернет, како во национален контекст, така и од меѓународна гледна точка.

Во врска со заштита на личните податоци, директорката Димова, во своето обраќање укажа на конкретен случај кој неколку години не е решен, иако сите  докази биле доставени до Дирекцијата за заштита на личните податоци на Република Македонија.

Проектот се имплементира во партнерски конзорциум помеѓу: Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид, Дирекцијата за заштита на личните податоци на Република Македонија, Универзитетот Лоџ – Полска, Генералниот инспекторат за заштита на личните податоци ГИОДО на Полска и Комисијата за заштита на личните податоци на Република Бугарија.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/May2018/svap/IMG-76cfadd17396be3b533aeee-3.jpg

 

Назад