tl_files/docs/eplus/images/2018/logo_erasmus_plus001_0.png   https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/anniversary_en
     
tl_files/docs/eplus/images/2018/500x69_Banner_E+PRP.png

Моментално нема новости.

ОДРЖАН ВОВЕДЕН СОСТАНОК ЗА КОРИСНИЦИ ОД ОБЛАСТА УЧИЛИШНО ОБРАЗОВАНИЕ

Понеделник, 2 септември 2019 година 

Во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, на 16 август, се одржа Воведен состанок за корисници од областа училишно образование, или клучна акција 101-Мобилност на наставен кадар во училишно образование. 

На состанокот присуствуваа претставници на одобрените проектни апликации. 

Повеќе...

Одржан редовен воведен состанок за огранизациите кои имаат добиено финансиска поддршка преку програмата Еразмус+ и Европски солидарен корпус

Петок, 30 август 2019 година 

На 22 август во Скопје, во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, беше одржан редовен воведен состанок за организациите кои имаат добиено финансиска поддршка преку програмата Еразмус+, клучна акција 1 за прв и втор рок за аплицирање во 2019 година, и за организациите кои имаат добиено финансиска поддршка преку програмата за Европски солидарен корпус за втор рок за аплицирање во 2019 година.

Повеќе...

ОДРЖАНА МОНИТОРИНГ ПОСЕТА НА ЕВРОПСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА МЛАДИНСКА КАРТИЧКА

Понеделник, 26 август 2019 година 

На 18 и 19 јули 2019 година, во просторите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, се одржа мониторинг посета од претставници на Европската асоцијација за младинска картичка и координаторот на картичката за млади од Грција, г. Бабис Папаионоу. 

Составот на делегацијата ја предводеше директорот на Европската асоцијација за младинска картичка, г. Манел Санчес, кој заедно со својот оперативен тим ги разгледуваа стратегискиот и техничкиот пристап што се спроведува во периодот од кога Република Северна Македонија ги исполни критериумите да биде членка. 

Повеќе...

УЧЕСТВО НА ЕВРОПСКИ САМИТ ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

Понеделник, 26 август 2019  година 

Во периодот од 4 до 5 јули, директорката Лидија Димова и Маја Колекеска, како претставнички од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, учествуваа на Европскиот самит за претприемништво во образованието, којшто се одржа во Лил, Франција.

Покровител на настанот беше претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Повеќе...

ПОСЕТА НА ЕВРОПАС ЦЕНТАРОТ ВО РОМАНИЈА

Понеделник, 26 август 2019 година

На 11 и 12 јули, претставници на Европас центарот при Националната агенција за европски образовани програми и мобилност, беа во работна посета на Европас ценарот во Романија.

При посетата се споделија добри искуства и практики помеѓу двата Европас центра и претставниците се договорија за заеднички настани и за идна соработка.

Повеќе...

ОДРЖАНА СРЕДБА СО ВОЛОНТЕРИ „ПРАШАЈ ЈА НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА“

Понеделник, 26 август 2019 година 

На 25 јуни 2019 година, од 12.00 до 16.30 часот, во просториите на Националната агенција, беше одржана средба со волонтери: „Прашај ја Националната агенција“.

На средбата беа присутни 18 волонтери од: Италија, Германија, Франција, Турција, Финска и Естонија, кои се наоѓаат на тековни волонтерски проекти во Македонија.  Волонтерските проекти се финансиски поддржани преку програмата Еразмус+.

Повеќе...