tl_files/docs/eplus/images/2018/logo_erasmus_plus001_0.png   https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/anniversary_en
     
tl_files/docs/eplus/images/2018/500x69_Banner_E+PRP.png

Моментално нема новости.

Учество на директорката Димова на завршна конференција

tl_files/docs/eplus/2018/Images/Aug2018/skopje23aug/IMG_6640.JPGПеток, 24 август 2018 година

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, на 23 август учествуваше на завршната конференција на проектот Joint Program for Sustainability Leadership” кој е финансиран од страна на Националната агеницја за европски образовни програми и мобилност во клучна акција 2 - Стратешки партнерства во областа на високо образование, што се одржа на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје.

Во своето обраќањe директорката Димова, меѓу другото, истакна  „Европеизацијата на Македонија не започнува со скрининг процесот или со отворањето на поглавјата. Почнува кога ќе имаме вакви производи и кога ќе почнат странски студенти да доаѓаат во Македонија и да студираат тука. Евроинтеграцијата најмногу се чувствува во областа на образованието токму од проекти како што е овој“.

Повеќе...

ТАС настан: 100 % младински град – меѓу секторски реформи за локалните младинските политики

Тренинг курс

11-17 ноември 2018 | Брага, Португалија

100% Младински град е интегриран акционен план на Локалните младински политики со меѓу секторски пристап кој е фокусиран на анализите за потребите на младите преку процес за младинско учество. Го опфаќа предизвикот за неактивни млади со кои се соочуваат многу градови во Европа.

Овој тренинг е пракса преку која се комбинираат евалуација споредување на стандарди, неколку методологии развиени во ЕУ, високо ниво на учество, отворена метода за координација, структурен дијалог и ко-менаџмент.

Цели:

- Да се промовира неформалното образование и да се обезбедат методологии и алатки за развој на Локалните младински политики;

Повеќе...

Онлајн апликациски формулари за трет рок 2018 година

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност го има задоволството да ги информира сите заинтересира институции и потенцијални апликанти дека онлајн апликациските формулари за третиот рок за аплицирање за акциите

∙ KA105 Мобилност на млади
∙ KA125 Волонтерски проекти 
∙ KA205 Стратешки партнерства за млади
∙ KA347 Дијалог помеѓу младите и ностителите на политиките

се објавени на веб страницата на Извршената агенција за образование, култура и аудио-визуелни политики. Сите формулари се достапни на линкот https://webgate.ec.europa.eu/web-eforms/

Крајниот рок за аплицирање за овие акции е 04 октомври 2018 година.

 

Повеќе...

Соопштение до сите младински организации кои имаат тековна ЕВС акредитација

Се повикуваат сите здруженија на граѓани кои имаат валидна ЕВС акредитација  за организација домаќин и организација испраќач на волонтери,  но немаат акредитација за координатор организација да поднесат повторно апликација за акредитација за организација домаќин, организација испраќач и организација координатор за волонтери. 

Согласно правилата на програмата Еразмус + и Водичот за апликанти 2018 година сите потенцијални апликанти за волонтерски проекти во КА1 мора да поседуваат Акредитација за т.н. координатор организација. Освен за тековната Еразмус +програма поседување на валидна акредитација е потребна и за European Solidarity Corp програмата која ќе биде достапна за Македонија во рокот за аплицирање во октомври 2018.     

Повеќе...

ЈАВЕН ПОВИК За ангажирање експерт за спроведување, истражување и анализа

Врз основа на предвидените цели и задачи за импелементација на проектот „Транснационална истражувачка студија за образование и кариерни можности на учениците во ВЕТ(стручно образование и обука)-Еразмус+“Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) објавува Јавен повик за ангажирање експерт за спроведување, истражување и анализа  Проектот „Транснационална истражувачка студија за образование и кариерни можности на учениците во ВЕТ(стручно образование и обука)-Еразмус+“има за цел да го измери влијанието на проектите за мобилност од програмата Еразмус+ во областа на стручно образование и обука врз кариерните можности на учесниците во мобилностите.

Повеќе...

Студиска посета на Париз

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUL/paris/IMG_20180711_103419.jpgВторник, 24 јули 2018 година

Во периодот од 10-14 јули 2018 година се оствари студиска посета на Париз, Франција, со цел да се види како дејствуваат различните институционални нивоа (метрополата, општините и реоните) при дефинирањето на јавните политики со посебен осврт на младинскиот активизам.

Учесници на оваа студиска посета, организирана од страна на Француската национална агенција за спроведување на Еразмус плус програмата, беа избрани лица, млади професионалци, лица вклучени во спроведување на одредени младински шеми, лидери на асоцијации и здруженија и посредници активни во областа на младите.

Покрај директорката на Националната агемнција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, од Македонија учествуваа г. Александар Наумовски, градоначалник на општина Ѓорче Петров и г. Живко Гошаревски, градоначалник на општина Ресен кои имаа можност да видат како функционираат младинските совети во париските општини, но и во другите држави од Европа (Норвешка, Исланд, Португалија, Шпанија, Полска, Словенија, Данска, Германија и Франција).

Повеќе...

ЈАВЕН ПОВИК за избор на двајца (2) еТвининг амбасадори за еТвининг годишна конференција во Варшава - Полска 25-27 октомври 2018г

Врз основа на Решение  бр. 20-914/2 од 23.07.2018, донесенo од  Директорката, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува Јавен повик за избор на двајца (2) еТвининг амбасадори за еТвининг годишна конференција во Варшава - Полска 25-27 октомври 2018г.

Во согласност со работната програма за 2017-18г. Националната агенција за европски образовнипрограми има предвидено учество на двајца (2)еТвининг амбасадори  на  еТвининг годишна конференција во Варшава- Полска 25-27 октомври 2018г. Износот на котизацијата и патните трошоци ги покрива Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Работен јазик на настанот ќе биде англиски.

Повеќе...

Промотивно видео на мрежата ЈутВики

Погледнете го најновото промотивно видео на мрежата ЈутВики

Повеќе...

Доделување на плакети за еТвининг ознака за училишта наградени на ниво на Европа

Четврток, 12 јули 2018 година

Денеска во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Мила Протуѓер Анастасова, од Одделението за еТвининг, им врачи плакети на претставници на 6 училишта од Република Македонија за еТвининг ознака за училиште (eTwinning School Label), што ги добија на ниво на ЕУ, за својот успешен ангажман на еТвининг на ниво на училиште.

ООУ „Лазо Ангеловски“ од Скопје, ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“ од Кавадарци, ООУ „Димитар Миладинов“ од Скопје, ООУ „Кирил и Методиј“ од Стајковци, „Петар Поп Арсов“ од Скопје и  ОУ „Гоце Делчев“ од Прилеп се шесте училишта од 1212 училишта наградени на ниво на Европа.

Повеќе...

Студиска посета на Националната агенција на Турција

Среда, 11 јули 2018 година

Претставниците на Националната агенција Дејан Златковски, од Одделението за ИКТ и европски образовни мрежи, Лулеса Илјази, раководител на Секторот за стратешки партнерства од областа на образованието, обука и млади и Милена Петрушевска, од Одделението за буџетска координација, во периодот од 2 до 4 јули 2018 година, престојуваа на студиска посета во Националната агенција на Турција, во Анкара.

Повеќе...