Образованието оди напред, ние го следиме.

 

http://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/projects/   https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/anniversary_en

Јавен повик за надворешни експерти за оценување на предлог-проекти и/или периодични и конечни извештаи од проекти во рамките на програмата ЕРАЗМУС+ (2014-2020)

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) е јавна институција формирана со закон и има надлежност за оперативно спроведување на децентрализираните акции од Еразмус+ програмата во Република Македонија.

Еразмус+ 2014-2020 е европска програма за поддршка на образованието, обуките, младите и спортот во Европа. Со буџет од 14,7 милијарди евра дава можности за над 4 милиони жители на Европа да студираат, да се обучуваат, да стекнуваат искуства и да волонтираат во странство. Еразмус+ се темели исклучиво на претпоставката дека вложувањето во образованието и во обуката се клучни за развивање на потенцијалите независно од возраста или искуството. Еразмус+ има за цел подигнување на квалитетот и важноста на квалификациите и вештините и им нуди можности на широк спектар на организации и поединци.

Повеќе...

Учество на Националната агенција на меѓународен настан за претприемачко образование

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUN2018/Budapest/IMG_20180604_161039.jpgПонеделник 11 јуни 2018

Националната агенција за европски образовни програми учествуваше на тркалезната маса за претприемачко образование што на 4 јуни 2018 беше организирана во Будимпешта од страна на Junior Achievement Europe и Entrepreneurship Education Hub. Настанот беше потпомогнат од Министерството за технологија и иновации на Република Унгарија.

Целта на настанот беше низ отворена дебата да се извлечат заклучоци за имплементација на претприемачкото учење на националните нивоа, како да се овозможи подобра синергија на националните системи на меѓународно ниво и како EE-HUB и ЈА Europe може да придонесат во процесите на развој на политиките за претприемачко образование. 

Повеќе...

Евридика извештај: Време на настава во редовното задолжителнo општо образование во учебната 2017/2018 година

tl_files/docs/eplus/eurydice/2018pub/Instruction Time 2017-18 - Cover - Copy.jpgДали знаевте дека алоцираното време за настава за одреден предмет и дисциплина може да го зголеми интересот на учениците за тој предмет, и како последица, да влијае и на нивните перформанси.

Не само квалитетот на наставата туку и времето што е достапно за настава и учење може да има позитивен ефект на процесот на учење на учениците, и особено, на учениците со помали можности.

Овој Извештај за време на настава го анализира препорачаното минимално време за настава во редовното задолжително општо образование во 43 европски образовни системи за учебната 2017/2018 година. Особено внимание е посветено на читање, пишување и литература, математика, природни науки и општествени науки.

 

Повеќе...

Учество на Националната Агенција на настан Унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUN2018/sicilija/IMG-4071ce5a3e8c2572924ea30b44fe6ac0-V.jpgЧетврток, 7 јуни 2018 година

Претставници на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност учествуваа на работилница на тема „Унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина“ - (Законска регулатива на БЗР во Република Македонија), која се одржа од 30 мај до 4 јуни 2018 година, на Сицилија.

Фокусот на работилницата беше запознавање со законските барања за безбедност и здравје при работа, потоа на превенцијата и управувањето со ризикот и поттикнување на сите чинители активно да се вклучат во намалувањето на ризиците (работодавачи, раководители, работници и нивните претставници) да работат заедно за да ги намалат ризиците, односно целта е подигање на свеста за култура на безбедно работење на сите вработени во институциите.

Повеќе...

Меѓународна конференција на партнерски средни училишта од регионот

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUN2018/sugsvt/34471776.jpgЧетврток, 7 јуни 2018 година

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, учествуваше на Првата меѓународна конференција на средни училишта од Македонија, Србија, Грција, Бугарија и Албанија на тема „Конференција за градење на искуство со проекти за подобрување на механизмите за подобро практично образование во регионот“, што се одржа на 5 јуни 2018 година, во СУГС „Владо Тасевски“.

Конференцијата ја организира СУГС „Владо Тасевски“, Скопје, во соработка со развојниот центар АКЕТ од Трикала, Грција, Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија и СТЕМИЦ.

Повеќе...

Завршна конференција на проектот „Европа наоѓа таленти“

tl_files/docs/eplus/2018/Images/May2018/MDzU/34324007_1676088222478055_3676863666075992064_n.jpgВторник, 5 јуни 2018 година

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова денеска учествуваше на завршната конференција на проектот „Европа наоѓа таленти“.

Таа во своето излагање го искажа своето задоволство од содржината на еден ваков проект, кој уште еднаш ја потврди потребата од ревидирање на занимањата на македонскиот пазар на труд и воведувања на нови занимања како што се работници во областа на креативните индустрии, младински работници итн.

Директорката Димова посочи на можности што им стојат на располагање преку ЕРАЗМУС + централизираната мерка „сојуз на вештини“.

Повеќе...

ТАС Настан: Повик за контакт семинар во Париз, Франција

Тема на контакт семинарот: Студиска посета Европа на локално ниво (Europe Goes Local study visit)

Цел:

Целта на студиската посета е да се зголеми квалитетот на работата на младите во соработка со општините. На студиската посета би учествувале претставници од Општини од цела Европа, со цел да се запознаат со работата на младите во Париз. Целта е да се разменат искуства и практики од различни гледишта на младинската работа. За време на постетата, учесниците ќе имаат можност да го посетат Секторот за политики за млади од градот Париз, различни организации и културни инситуции кои се занимаваат со политиките за млади, Евродеск центри и тн.

Студиската посета ќе се реализира во Париз, Франција од 10 до 14 јули 2018.

Повеќе...

Најава за гостување на директорката Димова на МТВ

tl_files/docs/eplus/2018/Images/May2018/mtv/IMG-0b91008e3c5d14e422a548daad5a27ca-V.jpgЧетврток, 31 мај 2018 година

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, на 4 јуни (понеделник) ќе гостува на МТВ, во Утринската програма каде ќе говори за тоа што има ново кај Еразмус + програмата.

За идната Еразмус + програма 2021-2027 година, за буџетот и за многу други новини можете да слушнете во Утринската програма на Македонската радиотелевизија.

 

Повеќе...

Учество на Втората европско–западна балканска конференција „Берлинскиот процес – нов импулс во младинската работа“

tl_files/docs/eplus/2018/Images/May2018/CrnaGora/33963487_10156326034728116_2198289091022290944_n.jpgЧетврток, 31 мај 2018 година

Од 23 до 25 мај директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, учествуваше на Конференцијата за влијанието на Берлинскиот процес во полето на млади со посебен акцент на состојбата на земјите во регионот.

Конференцијата ја организираа САЛТО ЈИЕ - ресурсниот центар за Југоисточна Европа во соработка со Националните агенции на Германија, Македонија, Словенија, потоа Здружението АДП-ЗИД и Контакт точка за Млади во акција од Црна Гора.

Конференцијата беше отворена од страна на Аиво Орав, шеф на Делегацијата на ЕУ во Црна Гора и Соња Митар, директор на САЛТО ЈИЕ.  

Повеќе...

Завршна конференција на проектот Стратешки партнерства од областа на високото образование

tl_files/docs/eplus/2018/Images/May2018/svap/IMG-0b91008e3c5d14e-1.jpgВторник, 29 мај 2018 година

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилнот, г-ѓа Лидија Димова, учествуваше на промоција на Програма за магистерски студии по Информатика и мрежна безбедност, приватност и заштита на податоци од проектот „Иновативна постдипломска програма: задоволување на пазарните потреби и воведување пионерски начини на реализирање“.

Проектот „Иновативна постдипломска програма: задоволување на пазарните потреби и воведување пионерски начини на реализирање“, се заснова на потребата за модернизација на наставните планови за високо образование, со цел да се креира напреден образовен профил оспособен да се справува со предизвици во областа на ИТ/сајбер-безбедност и заштита на личните податоци на интернет, како во национален контекст, така и од меѓународна гледна точка.

Повеќе...

Учество на 14. годишен Еразмус конгрес во Мурсија

tl_files/docs/eplus/2018/Images/May2018/Murcia/murcia1.jpgВторник, 29 мај 2018

Претставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во периодот од 8 до 12 мај во Мурсија, Шпанија, учествуваа на 14. годишен Еразмус конгрес и изложбата –ЕРАКОН 2018.

На конгресот присуствуваа координатори на Еразмус програмта, менаџери, истражувачи и професионалци со интерес за Програмата Еразмус плус , како и претставници од Националните агенции од програмските и партнерските земји учеснички во програмата.

 

 

Повеќе...