Образованието оди напред, ние го следиме.

 

http://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/projects/   https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/anniversary_en

Јавен повик за надворешни експерти за оценување на предлог-проекти и/или периодични и конечни извештаи од проекти во рамките на програмата ЕРАЗМУС+ (2014-2020)

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) е јавна институција формирана со закон и има надлежност за оперативно спроведување на децентрализираните акции од Еразмус+ програмата во Република Македонија.

Еразмус+ 2014-2020 е европска програма за поддршка на образованието, обуките, младите и спортот во Европа. Со буџет од 14,7 милијарди евра дава можности за над 4 милиони жители на Европа да студираат, да се обучуваат, да стекнуваат искуства и да волонтираат во странство. Еразмус+ се темели исклучиво на претпоставката дека вложувањето во образованието и во обуката се клучни за развивање на потенцијалите независно од возраста или искуството. Еразмус+ има за цел подигнување на квалитетот и важноста на квалификациите и вештините и им нуди можности на широк спектар на организации и поединци.

Повеќе...

ПРИЈАВА за обука за ЕВС тековни волонтери преку Европски волонтерски сервис - ЕВС (On-arrival & Mid term )

Се повикуваат сите организации во Македонија кои тековно  во своите организации имаат волонтери преку Европски волонтерски сервис – ЕВС да достават информации за волонтерите со пополнување на табелата со податоци која може да се најде на следниот линк:

https://goo.gl/forms/8rxkTOvihABSLFK43

Податоците треба да се пополнат  најдоцна до 06 јуни 2018 година.

Откако ќе бидат обработни податоците,  организациите по е-маил ќе ги добијат сите детали за обуките кои ќе бидат организирани од НА за ЕВС волонтерите во Македонија.

 

Повеќе...

ТАС Настан: Тренинг за меѓународнен младински репортер/известувач

Тренинг курс, 1-5 септември 2018 | Виена, Австрија

На овој тренинг за младинските новинари и младинските известувачи ќе можат да се стекнат со соодветни новинарски вештини како и да разменат искуство со учесници од други земји.

ЦЕЛНА ГРУПА

  • Учесниците да бидат помеѓу 18 и 30 години;
  • Учесниците да бидат вклучени во организации кои работат на известување во полето на млади;
  • Претставници (координатори) од организации кои работат или сакаат да работат со проекти преку Еразмус+ на тема со младински новинари/истражувачи;
  • да присуствуваат на целото времетраење на тренингот;
  • можат да комуницираат на англиски јазик;

Повеќе...

Студиска посета во Финска за развивање на дигитална младинска работа

Студиска посета, 17-21 септември 2018 | Хелсинки, Финска

Студиската посета има за цел да понуди различни дигитални пристапи во младинската работа кои се користат во Финска.

Посетата е организирана во централната ареа и планирана е посета на општински организациски структури кои работат во полета на младинската работа, младинска работа во црквите како и невладини организации.

За време на посетата учесниците ќе имаат можност да видат примери од полето на технолошко образование, дигитални игри и други пракси од дигитална младинска работа се интегрирани во работата.

ЦЕЛИ:
• да се разбере структурата и улогата на младинската работа во Финска
• да се научат различни практики во полето на дигиталната младинска работа
• да се посетат организации кои користат дигитални пристапи во нивната младинска работа
• учесниците да споделат сопоствени практики од дигиталната младинска работа
• да се стекнат со искуство кое ќе го применат во својата земја

Повеќе...

Учество на НА на меѓународен настан за младите во Талин

tl_files/docs/eplus/2018/Images/May2018/TALLINN/TALLINN-20180521_144931.jpg

 

Среда, 23 мај 2018 година

 

Подготвителни активности за комуникацијата кон зголемувањето на учеството на  младите во процесот на донесување на одлуки

 

На 21 и 22 мај, директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, и г-ѓа Снежана Орловиќ-Стојановиќ учествуваа на подготвителен состанок за семинар на тема придонесот на комуникацијата кон зголемувањето на учеството на  младите во процесот на донесување на одлуки преку капацитетите на националните агенции за информирање за Еразмус+ програмата, кој се одржа во Талин.

 

Организатор на подготвителниот состанок, како и на семинарот што ќе се одржи во октомври е Естонскиот младински ресорски центар САЛТО.

Повеќе...

ТАС Настан: Повик за контакт семинар во Прага, Чешка

Тема на контакт семинарот:Употреба на е-Твининг во КА2 партнерствата помеѓу училишта (Using eTwinning in KA2 School-To-School Partnerships)

Цел: Овој контакт семинар е организиран од страна на вработените во делот за училишно образование и делот за е- Твининг при Чешката национална агенција. Целта на овој семинар е да се промовира поврзаноста меѓу Еразмус + и е- Твининг, да ги поттикне учесниците во користењето на е- Твининг порталот за комуникација и соработка во КА2 проекти и да помогне во креирањето на мрежи меѓу наставниците вклучени во Еразмус+ и е-Твининг проекти.

На семинарот ќе учествуваат 25 наставници регистрирани преку Националните агенции и 25 наставници регистрирани преку е-Твининг порталот.

Контакт семинарот ќе се реализира во Прага, Чешка од 29 август до 1 септември 2018.

Повеќе...

РАБОТНА СРЕДБА ЗА ЕТВИНИНГ

tl_files/docs/eplus/2018/Images/May2018/Kocani/IMG_6204.JPG

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со СОУ „Љупчо Сантов“ - Кочани и неговата еТвининг амбасадорка, г-ѓа Весна Кушевска, на 16 мај одржа работна средба за еТвининг платформата во истоименото училиште.

На средбата присуствуваа 31 претставник од СОУ „Љупчо Сантов“, како и од соседни училишта и од градинки од Општина Кочани.

 

 

Повеќе...

Учество на Националната агенција на меѓународна конференција во Лозово

Четврток, 17 мај 2018

На 15 мај 2018 година претставници на Националната агенција, Дејан Златковски и Снежана Орловиќ, учествуваа на меѓународната конференција во рамките на проектот „Споделено пријателство“ (L’amitié en partage) од Еразмус+ програмата организирана во Лозово. Домаќин на конференцијата под наслов „Мултикултурализмот и толеранцијата во контекст на професионалниот развој на наставниците“ беше училиштето Методи Митевски Брицо од Лозово. Проектот е финансиран во рамките на Еразмус+ клучната акција КА201 – Стратешки партнерства во училишно образование од страна на романската национална агенција, а координатор на проектот е Гимназијата Александру цел Бун (Alexandru cel Bun) од Бакау.

Повеќе...

Презентација на Европас, Еврогајденс и ЕКВЕТ во училишта во Охрид

tl_files/docs/eplus/2018/Images/May2018/IMG_6189.JPG

Вторник, 15 мај 2018 година

Одржан работен состанок во Охрид

На 14 мај се одржа работен состанок во две училиште во Охрид, во ОУТУ „Ванчо Питошески“ и ОУ „Братство - Единство“. 

На состанокот беа презентирани европските мрежи (Европас, Еврогајденс и ЕКВЕТ), а исто така се спомена и Еразмус+ програмата и клучните акции.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе продолжи со овој вид на активности за запознавање со можностите и бенефициите што се нудат од Еразмус програмата и европските образовни мрежи.

Повеќе...

Учество на Националната агенција на Европски пикник

tl_files/docs/eplus/2018/Images/13May2018/20180512_113331.jpg

По повод денот на Европа, на 12 мај 2018 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) и Младите европски федералисти (ЏЕФ Македонија) организираа Европски пикник со разновидни содржини и активности, во централниот парк на Скопје, прославувајќи го ЕУ-денот и запознавајќи ги, на тој начин, граѓаните со Европа.

Повеќе...