Еразмус+ е отворена за студенти, млади, ученици во стручно образование и обука, образовни работници, волонтери, лица кои работат со млади и лица кои работат во аматерските спортови. Програмата нив ќе ги вклучи преку образовни установи, организации за млади, претпријатија, локални и регионални тела и невладини организации, институции, тела или групи кои работат во областа на образование, обука и млади.

Програмата Еразмус + претпоставува институционален пристап во аплицирањето, зошто на тој начин ефектите од стекнатото искуство и знаење од проектот се пренесуваат на поширок круг луѓе. Апликации на физички лица не се прифатливи.

Сите апликанти мора да бидат регистрирани во системот за регистрација и порталот за корисници на Европската Комисија. Упатство за регистрација за во системот за регистрација и порталот за корисници на потенцијалните апликанти за програмата ЕРАЗМУС+

Со цел вклучување во Еразмус+, високо-образовните институции треба да поседуваат валидна Универзитетска повелба. Листа на високо-образовни институции од Република Македонија носители на ERASMUS CHARTER.

Со цел вклучување во Еразмус+, градинките, основните и средните училишта треба да бидат регистрирани во МОН како вршители на соодветната дејност.