Повик за аплицирање за Еразмус+ Повелба за мобилност за стручно образование и обука - 2018 год.

tl_files/docs/eplus/VET-CHARTER/2015_08-Erasmus+-VET-webbanner-transparentblue.png

Еразмус+ Повелбата за мобилност за стручно образование и обука е наменета за поттикнување на организациите кои веќе имаат докажан квалитет во организирањето на ВЕТ мобилности на ученици и вработени за понатаму да ги развијат нивните европски меѓународни стратегии.

Стекнувањето на Повелбата за мобилност за стручно образование и обука ќе овозможи да се аплицира на поедноставен начин за проекти под Еразмус+ Програмата, Клучна акција 1 мобилност на ВЕТ ученици и вработени. Исто така целта на Повелбата е подржување во градењето на капацитетите за организирање на квалитетни мобилности на ученици и вработени, а во исто време да се награди, промовира и развие квалитетот во мобилноста.

 

Повеќе...

Јавен Повик за ангажирање експерти за учество во изработка на извештаи во рамките на мрежата ЕВРИДИКА за 2018 година

Врз основа на предвидените цели и задачи за импелементација на ЕВРИДИКА, како и решението бр. 19-360/2 од 14 март 2018 година, донесено од Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ), како национален координатор за ЕВРИДИКА во Република Македонија, објавува Јавен Повик за ангажирање експерти за учество во изработка на извештаи во рамките на  мрежата ЕВРИДИКА за 2018 година (со можност за продолжување).

Мрежата Евридика ја поддржува и помага соработката на европско ниво во полето на доживотното учење, обезбедувајки информации за образовните системи и политики во 28 држави и преку изработка на студии за заедничките прашања во европските образовни системи. Студиите и извештаите на Евридика се тематски и компаративни низ повеќе аспекти карактеристични за образовните системи, како што се финансирање на образовните системи, учењето странски јазици, претприемничкото учење, граѓанското образование, европската перспективна на образовните системи, ИКТ во наставата, застапеноста на математиката, науката и технологијата во наставните планови, итн.

Повеќе...

ЈАВЕН ПОВИК За ангажирање експерти за реализација на планираните активности од Европски трансфер систем за стручно образование и обука (ЕКВЕТ) за 2018 година

tl_files/docs/eplus/epdocs/ECVET/ecvet-logo.pngВрз основа на предвидените цели и задачи за импелементација на ЕКВЕТ, како и решението бр.25-362/2 од 14.03.2018 донесено од Директорката, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ), како национален координатор за ЕКВЕТ во Република Македонија, објавува Јавен повик За ангажирање експерти за реализација на планираните активности од Европски трансфер систем за стручно образование и обука (ЕКВЕТ) за 2018 година (со можност за продолжување).

ЕКВЕТ[1] е европски инструмент за промоција на заедничка доверба, мобилност и препознавање во стручното образование и обука. Овој систем го олеснува трансферот, признавањето и акумулацијата на проценетите резултати од учењето, го подобрува општото разбирање на резултатите од учењето на граѓаните, овозможува мобилност и преносливост во земјите во областа на доживотното учење, ја подобрува преносливоста на квалификациите на национално ниво меѓу различни сектори на економијата и на пазарот на трудот и придонесува за развој и проширување на европската соработка во образованието и обуката.

Условите за аплицирање, ангажирањето и активностите на ЕКВЕТ Експертите ќе се реализраат согласно важечките стандарди и координативните мрежни активности на ЕК.

Повеќе...

Повик за аплицирање за Еразмус+ Повелба за високо образование (2019)

06.02.2018

tl_files/images/erasmus+baner_home.jpg

Еразмус+ Повелбата за високо образование обезбедува општа квалитативна рамка за европските и меѓунардоните активности за соработка кои што високо-образовните институции можат да ги реализираат во Програмата. Доделувањето на Еразмус Повелбата за високо образование е пред-услов за сите високо-образованите институции од програмските земји и кои што сакаат да учествуваат во трите клучни акции од Еразмус+. 

Повеќе...

Повик за аплицирање за учество на првата ЕТС конференција

ПРВА ЕТС КОНФЕРЕНЦИЈА

СЕМИНАР / КОНФЕРЕНЦИЈА, 26-28 МАРТ 2018 | МАЈНЦ, ГЕРМАНИЈА

Првата ЕТС конференција ќе се фокусира на споделување, истражување и дискутирање на идеи и стратегии за подобро градење на капацитетите и развој на квалитетот во рамките на младинската работа преку зголемено образование и обука на младинските работници.

 Истата можеби се однесува на вас доколку ги исполнувате следниве услови:

- сте вклучени во образование и обука на млади работници,

- сте заинтересирани да придонесете за понатамошен развој на квалитетна младинска работа,

- сте заинтересирани за стратегии за образование и обука и дискутирање за нив во европско-меѓународно опкружување,

- можеби ќе имате добар пример за пракса да ја споделите која е поврзана со образованието и обуката на младинските работници.

Повеќе...

ЈАВЕН ПОВИК за избор на Амбасадори/ки на акцијата еТвининг

Врз основа на Решение  бр.20-109/2  донесено на 23.01.2018 од Директорката, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува Јавен повик за избор на Амбасадори/ки на акцијата еТвининг. Во согласност со работната програма за 2017-18г. Националната агенција за европски образовни програми има предвидено селекција на 10 нови еТвининг амбасадори/ки во Република Македонија кои ќе реализираат активности за промоција на акцијата еТвининг како составен дел на програмата Еразмус+ на Европската Комисија. Главна обврска на еТвининг амбасадорите/ките ќе биде активно да соработуваат со Националната агенција во процесот на промоција на еТвининг акцијата во Република Македонија, во зголемувањето на членството во еТвининг на национално ниво, во зголемувањето на бројот на еТвининг проекти и подобрување на нивниот квалитет, во зголемување на присутноста на настаните организирани од страна на Националната Агенција и еТвининг мрежата во Р.Македонија.

Повеќе...

Јавен повик за избор на организација активна во полето работа со мигранти, бегaлци и баратели на азил за логистичка поддршка на проект ААА

tl_files/docs/eplus/2018/Youth/logo_aaa.jpgВрз основа на предвидените цели и задачи за импелементација на проектот ААА, како и решението бр.27-70/2  од 16.01.2018 донесено од Директорот, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува Јавен повик за избор на организацијаактивна во полето работа со мигранти, бегaлци и баратели на азил за логистичка поддршка на проект ААА.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е јавна установа формирана со закон и има надлежност за оперативно спроведување на децентрализираните акции од програмата Еразмус+ во Република Македонија.

Повеќе...

ЈАВЕН ПОВИК за Еуродеск информативни центри во Република Македонија

tl_files/docs/eplus/2018/Eurodesk/QRkYzPBh.pngВрз основа на Решение  бр. 27-11/2 од 04.01.2018г. донесено од Директорката,  Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува Јавен повик за Еуродеск информативни центри во Република Македонија за 2018 година.

Еуродеск е бесплатен сервис за пласирање и дисеминација на информации, кои се достапни преку платформи за информирање и има за цел на младите луѓе и оние кои работат со нив да им обезбеди информации за можностите и мобилноста од Европските програми.

Повеќе...

Повик за аплицирање за Еразмус+ Повелба за мобилност за стручно образование и обука - 2018 год.

tl_files/docs/eplus/VET-CHARTER/2015_08-Erasmus+-VET-webbanner-transparentblue.png

18-26/2 од 29.11.2017

Еразмус+ Повелбата за мобилност за стручно образование и обука е наменета за поттикнување на организациите кои веќе имаат докажан квалитет во организирањето на ВЕТ мобилности на ученици и вработени за понатаму да ги развијат нивните европски меѓународни стратегии.

Стекнувањето на Повелбата за мобилност за стручно образование и обука ќе овозможи да се аплицира на поедноставен начин за проекти под Еразмус+ Програмата, Клучна акција 1 мобилност на ВЕТ ученици и вработени почнувајќи од 2018.  Исто така целта на Повелбата е подржување во градењето на капацитетите за организирање на квалитетни мобилности на ученици и вработени, а во исто време да се награди, промовира и развие квалитетот во мобилноста.

Повеќе...

(коментари: 0)

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ – EAC/A03/2017: ЕРАЗМУС+ 2018

18-968/1 од 27.10.2017год.

Овој повик за предлог проекти се базира врз основа на Регулатива (EУ) бр. 1288/2013 на Европскиот парламент и Советот воспоставувајќи ја програмата ‘Еразмус+’: Програмата на Европска унија за образование, обука, млади и спорт како и на 2017 и 2018 Еразмус+ Годишната работна програма. Програмата Еразмус +  го опфаќа периодот од 2014 до 2020. Специфичните цели на Еразмус + се наведени во членовите 4, 5, 11 и 16 од Регулативата.

Повеќе...