Спорт

Финансирањето кое е достапно преку акцијата Спорт се однесува на поддршка на локални социјални активности. Оваа акција е предводена од страна на Извршната агенција на Европската комисија. Повеќе информации за оваа акција се достапни на Повикот за предлози и Програмскиот водич Еразмус+.

Централизирани активности
Поддршка ќе се обезбеди на организациите кои се активни во полето на спорт за справување со прекугранични закани за интегритетот на спортот (допинг, местење на натпревари, насилство, нетолеранција, дискриминација), кои го промовираат доброто владеење на базичните спортови, подржуваат повеќе кариери за спортисти и кои на сите обезбедуваат еднаков пристап до спортот.

Кои се можностите?
• Партнерствазасоработкаво полето на спортот
• Непрофитни Европски спортски настани
• Активности за зајакнување на креирањето на политиките во спортот
• Дијалог со релевантните заинтересирани страни на европско ниво

Европската комиси ја одржува Инфоден - Sport Infoday посветен на спортот во Брисел на 4 февруари 2014 година, за информирање на потенцијални апликанти во врска со можностите за  финансирање на активностите во полето на спорт преку програмата Еразмус+.

За повеќе информации, посетете ја веб страната на Европската комисија за програмата Еразмус+: European Commission's Erasmus+ website