Структура на програмата
Со цел да се исполнат приоритетите, програмата Млади во Акција предвидува пет
оперативни Акции.
Акција 1 – Младите за Европа
Целите на оваа акција се :
• Да се зголеми мобилноста на младите преку поддржување на Младински размени;
• Да се развие граѓанството на младите луѓе и нивното взаемно разбирање преку
поддршка на Младински инцијативи, проекти и активности кои се однесуваат на
нивното учество во демократскиот живот.
Акцијата 1 ги содржи следните три под – акции:
1.1 – Младински размени
• Поддржува активности за размена на групи млади луѓе од различни земји да се
запознаат со различни култури.
1.2 – Младински иницијативи
• Поддржува активности за групни проекти креирани на локално, регионално и
национално ниво. Вмрежување на слични проекти помеѓу различни држави со цел:
зајакнување на европскиот аспект, размена на соработка и искуство помеѓу
младите.
Повеќе информации на следниот линк:
http://ec.europa.eu/youth/youth-in-action-programme/doc78_en.htm
1.3 – Младински демократски проекти
• Поддржува учество на младите во демократските процеси на локално, регионално
и национално ниво, но и на меѓународно ниво.
Повеке информации на следниот линк:
http://ec.europa.eu/youth/youth-in-action-programme/doc78_en.htm
Акција 2 - Европски Волонтерски Сервис
Што е Европски волонтерски сервис?
Европскиот волонтерски сервис (ЕВС) поддржува транснационален волонтерски сервис
на млади луѓе.
Претендира да ја развие солидарноста и да промовира толеранција меѓу младите, пред се
за да се засили социјалното еднинство во Европската Унија. Промовира активно
граѓанство и взаемно разбирање на младите.
Овие основни цели значително ќе се релизираат преку:
• Поддршка на младинското учество во различни форми на волонтерски активности,
во и надвор од Европската Унија
• Давање можност на младите да ја изразат својата лична посветеност
прекуволонтерски активности на европско и интернационално ниво
• Вклучување на младите во активности на солидарност меѓу европските граѓани
• Инволвирање на млади волонтери во непрофитни, неплатени активности кои се од
корист на пошироката јавност во една земја која не е негово/нејзино постојано
место на живеење.
Европскиот волонтерки сервис е сервис на “учење”: преку искуства на неформално учење,
младите волонтери стекнуваат и ги подобруваат квалификациите за нивен личен,
образовен и професионален развој, како и нивната социјална интеграција. Елементите на
учење се состојат од заедничко одредување на очекуваните исходи од учењето, процесите
и методите, сертификатите за стекнати компетенции, учеството на волонтерите во
тренинзи и обезбедување јазична и лична поддршка и поддршка поврзана со задачата,
вклучувајќи механизми на превенција и справување со кризи.
Акција 3 – Младите во светот
Оваа акција ги содржи следните две под – акции:
• 3.1 Соработка со земјите – соседи на Европската Унија
Оваа под-акција поддржува проекти со Соседните партнерски земји.
Особено поддржува младински размени, проекти за обука и вмрежување во полето на
младите.
• 3.2 Соработка со други земји во светот
Оваа под-акција се однесува на соработка во полето на младите, особено
размената на добри практики со земјите – партнери од други делови на светот.
Охрабрува размени и обука за млади и младински работници, партнерства и мрежи на
младински организации.
Акција 4 – Младински систем за поддршка
Акција 4.3 Обука и поврзување во мрежи
Соработка и партнерство, обука и размени на добри практики и искуства се клучни во
развивањето на младинските организации, граѓанското општество и тие што се
инволвирани во младинската работа.
Проектите во акцијата 4.3 Обука и поврзување во мрежи се многу важни за развивање на
идна соработка со организациите. Тие овозможуваат на организациите партнери да научат
за начинот на кој работат и да ги истражат и анализираат можностите за развивање на
проекти во иднина.
Проектите може да вклучат:
1. Учење на работното место со набљудување
2. Практична посета
3. Состанок за евалуација
4. Студиска посета
5. Студиска посета
6. Семинар
7. Курс за обука
8. Вмрежување
Акција 5 - Подршка за европска соработка во областа млади
Целта на оваа акција е промоција на европската соработка во областа млади.
Преку оваа акција Програмата овозможува конкретна соработка во развој на младинската
политика на европско ниво.
Генералните цели се однесуваат на:
• Организирање структурен дијалог меѓу различните учесници во
младинската работа, особено самите млади луѓе, младинските организациии
креаторите на политиките;
• Поддршка на младински семинари и транснационални младински семинари
• Придонес за развој на политика на соработка во полето на младите
• Да го олесни развојот на мрежни организации со цел подобрување на взаемното
разбирање помеѓу младите;
• Да подржи соработка со меѓународните организации кои активно работат во
областа млади.
За остварување на целите предвидени во Акција 5, развиени се следните под акции:
5.1 – Средби на млади со одговорни лица кои ја креираат политиката за млади
Активности насочени кон соработка, семинари и конструктивен дијалог меѓи младите
активни во младинската работа и одговорни лица кои ја креираат политиката за млади.
5.2 – Подобро познавање за областа млади
Активности кои придонесуваат за идентификација на постоечкото знаење релвантно за
приритетите во полето млади.
5.3 – Соработка со меѓународни организации
Совет на Европа, ОН.
Напомена:
Оваа акција не е отворена за апликантите од Република Македонија
Повеќе информации на следниот линк:
http://ec.europa.eu/youth/youth-in-action-programme/doc94_en.htm