е-Весник

Контакт

Лулеса Илјази
Тел: 023 103 731
e-mail: lulesa.iljazi@na.org.mk

Леонардо да Винчи Брошура - НОВО

Леонардо да Винчи Флаери - МК

Леонардо да Винчи Флаери - АЛ

Доживотно учење » Леонардо да Винчи » Информации за програмата

Зошто името Леонардо да Винчи?

Уметноста на Леонардо да Винчи (1452-1519) неговата научност, познавањата од математика, техника, литература и филозофско наследство се инспирација за многумина. Перфектно го рефлектира различниот спектар на способности кои се потребни во стручното образование и затоа е одбран да ја именува оваа Европска Програма

Општи информации за секторската програма Леонардо да Винчи

Програмата Леонардо да Винчи е основана во 1995 год. Има за цел постигнување ниво на знаење, вештини и квалификација на луѓето во стручното образование и обука - VET (Vocation Education and Training) системот во Европа. Од 2000 год. почнува втората фаза од Програмата, при што им има помогнато на повеќе од 400 000 луѓе (индивидуи) да ги реализираат нивните идеи за усовршување во професионалниот живот во друга европска држава.

Ова е добар почеток при вработувањето на учесниците на интернационално ниво во се повеќе поврзаниот свет, каде што „мобилноста, флексибилноста, јазичните способности и интернационалното искуство“ можат да им помогнат на оние кои бараат вработување на пазарот на трудот. Леонардо да Винчи е интегрирана како втора секторска програма во Програмата за Доживотно учење (LLP-Lifelong Learning Programme) од 2007 год. и поддржува голем опсег на акции во сегашните 31држава членки во Програмата (Сите 27 држави членки на ЕУ, државите од EFTA (Норвешка, Исланд и Лихтенштајн) и Турција), како што се проекти за мобилност, проекти за партнерства, проекти за трансфер на иновации, проекти за развивање на иновативните резултати и вмрежување.

Леонардо да Винчи, секторската програма се фокусира на подигање на квалитетот и значењето на стручното образование и обука (VET), и обезбедува можност за институциите вклучени во ВЕТ да изградат Европски партнерства, да разменат добра пракса, да ја зголемат стручноста на нивниот кадар и да ги развијат вештините на учесниците. Програмата е отворена за целокупниот спектар на субјекти покриени од ВЕТ.

Целта на Леонардо да Винчи програмата е да придонесе преку доживотно учење за развојот на Заедницата како напредно научно општество, со одржлив економски развој, повеќе и подобри работи и подобра социјална кохензија. Има за цел да ја поттикне интеракцијата, соработката и мобилноста помеѓу образовните и системите за обука во Заедницата.

Леонардо да Винчи секторската програма има поставено 3 главни цели:

  • Да ги поддржи учесниците во обуката
  • Да го поддржи унапредувањето во однос на квалитетот и иновациите
  • Да го зајакне стручното образование и обука (В.Е.Т) и мобилноста.

Кој може да учествува во оваа Програма

  • Институции или организации кои обезбедуваат можности за учење во полињата покриени од Леонардо да Винчи Програмата
  • Асоцијации и претставници од тие вклучени во стручното образование и обука, вклучувајќи и асоцијации на обучувачи, родители и наставници
  • Компании, социјални партнери и други претставници на работниот живот, вклучувајќи стопански комори и други трговски организации
  • Тела кои обезбедуваат насочување, советување и информатички услуги во однос на било кој аспект од доживотното учење
  • Тела одговорни за системи и политики кои се однесуваат на било кој аспект од доживотното учење, стручно образование и обука на локално, регионално или национално ниво
  • Истражувачки центри и тела зафатени со прашањата за доживотно учење
  • Високо-образовни институции
  • Не-профитни организации, волонтерски тела, невладини организации.

Цели на програмата Леонардо да Винчи

  • да ги поддржи учесниците во обука, при понатамошното обучување и употребата на знаењето, а со тоа за унапредување на личниот развој преку подобрувањето на способностите и квалификациите;
  • подобрување на квалитетот и поддршка на иновацијата во стручното образование и обука, во институции и претпријатија;
  • да ја заголеми атрактивноста на стручното образование и обука и мобилноста на вработените и физичките лица, како и да ја поддржи мобилноста на практикантите (стажанти).

Оперативни (работни) цели

  • да ја подобри и да ја зголеми мобилноста на луѓето низ Европа кои се вклучени во стручното образование и обука и во континуираната обука, да се зголеми бројот на стажирања во претпријатијата за најмалку 80 000 стажанти во една година, до крајот на Програмата за Доживотно учење ( LLP-Lifelong Learning Programme);
  • да ја подобри и да ја зголеми соработката меѓу институциите и организациите, фирмите и социјалните партнери и другите релевантни тела низ Европа;
  • поддршка за развивање на иновативни практики во полето на стручното образование и обука надвор од терцијалното ниво, вклучувајќи трансфер од една држава во друга;
  • поддршка на транспарентноста и признавањето на квалификациите и знаењата, вклучувајќи ги и оние здобиени преку неформално и информално учење;
  • да ги поттикне учесниците за учење странски јазици;
  • да го поддржи развојот на иновативни компјутерски технологии, пристапи и примени на Програмата за Доживотно учење ( LLP-Lifelong Learning Programme).

Земји учеснички во програмата Леонардо да Вични

tl_files/docs/llp/ldv/01_new.JPG