е-Весник

Контакт

Лулеса Илјази
Тел: 023 103 731
e-mail: lulesa.iljazi@na.org.mk

Леонардо да Винчи Брошура - НОВО

Леонардо да Винчи Флаери - МК

Леонардо да Винчи Флаери - АЛ

Контакт семинар - Ирска (27 - 30 септември) 2009

Денес Европа е во процес на голема трансформација, за да стане водечка сила во општество базирано на знаења. Затоа, еден од главните приоритети на Европската Унија , во делот на образованието, е програмата за Доживотно учење. Дел од оваа програма е и програмата Леонардо да Винчи, насочена кон унапредување на стручното  образование и обука.
Основната цел на програмата Леонардо да Винчи,  да се зајакне европската работна сила и пазарот на трудот, преку поддршка на луѓе во стекнување и користење на вештини, знаење и квалификации, за нас како стручно училиште е голем предизвик. Од тука произлезе и нашата иницијатива  да станеме дел од   оваа програма, која ни нуди надградба на нашите стручни вештини и промовирање на нова образовна политика која се темели на размена на искуства и практики.
Морам да го изразам моето задоволство што бев дел од еден контакт семинар, после одобрениот грант од Националната Агенција за Европски образовни програми, а уште повеќе што тоа искуство можам да го споделам со Вас.

Како претставник на СОУ “Нико Нестор” од Струга, имав можност да бидам дел од контакт семинарот во Даблин, Р. Ирска. На овој семинар присуствуваа околу 120 претставници од 21 Европска држава. Се комуницираше на англиски јазик и се работеше на следните теми:

•    Нови вештини за нови работни места: (предвидување на потреби за нови вештини).
•    Развивање на способности за наставници, тренери и тутори.
•    Зајакнување на врските со светот на работењето.
•    Развој на духот на институцијата.
•    Потреби, предизвици и најдобри пракси во тренингот за стажирање.
 
 Во работниот дел на овој семинар беше обезбедена временска рамка , во која секоја организација имаше можност да ги презентира своите активности и идеи за идни проекти. Па така, имав можност пред потенцијални партнери од сите присутни европски држави, да го претставам нашето училиште преку постоечките струки  и  нашите идни планови за понатамошен развој преку проектот насловен „Ние сме во движење” („Ње аре он тхе мове”).
Секако најинтересен и најпродуктивен, за сите присутни, беше делот за комуникации и преговори за изнаоѓање на партнери. Посетата на овој контакт семинар беше одлична можност да се развијат идеи за нови проекти, да се најдат меѓународни партнери и да се добие практична помош во изработка на апликации за проекти.
На контакт семинарот во Даблин , остварив средби со претставници од различни европски држави , и произлегоа неколку партнерства кои веќе функционираат. Прво ќе ја нагласам соработката со Англија и Финска, во делот на унапредување на стручната обука за професорите во стручното образование. Во овој дел се веќе направени неколку истражувања кои ги покажуваат недостатоците на стручното образование во нашата држава, и е направен предлог проект за размена на искуствата со Англија  и Финска, кој во моментот важат за држави со најдобар систем на стручно образование во Европа.
Тим од училиштето работи и на мултилатерално партнерство , со уште шест држави: Романија, Хрватска, Латвија, Литванија,Турција и Полска. Преку овој проект училиштето ќе создаде простор за соработка меѓу различни институции, училишта, компании и организации од различни европски држави. Ќе сподели идеи и искуства преку размена на наставници и ученици. Заедничката соработка во месеците после контакт семинарот, резултираа со наши заеднички предлог проекти и апликации за Мобилност  и Партнерство во повикот 2010.

Веруваме дека преку овие проекти, ќе имаме можност да научиме нешто повеќе и да имплементираме во нашето училиште нови практики прилагодени на европското стручно образование. Нашите ученици ќе имаат можност да стекнат многу нови знаења, вештини и меѓународни искуства и пријателства.
Со тоа, веруваме, и нашето училиште ќе биде многу поатрактивно за идните генерации на ученици.

Контакт семинарите, организирани од  Националните Агенции, се една извонредна можност, да сретнете луѓе од цела Европа , кои имаат заеднички цели и кои се навистина расположени да го споделат своето искуство. Тие истовремено претставуваат  голем поттик за разните заинтересирани страни во областа на стручното образование и обука, да научат повеќе, да споделат искуства и да ги спроведат истите во рамките на програмата за  доживотно учење.

Професор Марија Коваческа
СОУ “Нико Нестор” - Струга

 

tl_files/docs/llp/ldv/zemji ucesnici/irska_01.JPG tl_files/docs/llp/ldv/zemji ucesnici/irska_02.JPG
tl_files/docs/llp/ldv/zemji ucesnici/irska_03.JPG tl_files/docs/llp/ldv/zemji ucesnici/irska_04.JPG