Објавен е апликациониот формулар за Подготвителни Посети
Националната агенција за европски
образовни програми и мобилност го објави апликациониот формулар за сите
подпрограми од Програмата Доживотно Учење.
Формуларот
можете да го преземете на следниов линк.
Презентацијата за Комениус, Леонардо да Винчи, Студиски посети и Етвининг - ДУЦОР Партение Зографски Скопје
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со ДУЦОР „Партение Зографски“ од Скопје, Ве поканува на презентација за секторската програма Комениус (општо образование) за секторската програма Леонардо да Винчи (стручно образование и обука),кои се составен дел од Програмата „Доживотно учење“ на Европската комисија како и за акциите Студиски посети и Етвининг.
Агенда:
13:45-14:00 Регистрација на учесниците 14:00-14:10 Отворање на настанот - Директор на ДУЦОР „Партение Зографски“ - Скопје, Блаже Митев 14:10-14:20 Обраќање на в.д. Директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, Дарко Димитров 14:20-14:40 Презентација за Секторска програма Комениус- Раководител на Одделение Комениус, Никола Јаулески 14:40-15:00 Презентација за Секторска програма Леонардо да Винчи- Раководител на Сектор Стручно образование и обука, М-р Лулеса Илјази 15:00-15:20 Презентација за акцијата Студиски посети – Раководител на одделение Студиски посети и студентски стажирања – Мила Протуѓер 15:20-15:40 Презентација за акцијата Етвининг – Раководител на одделение за ИКТ и Етвининг – м-р Дејан Златковски 15:40-15:55 Прашања и дискусија со присутните на настанот
Присуствувајќи на овој настан, ќе се запознаете со можностите кои се отворени за Република Македонија преку програмата Комениус и Леонардо да Винчи и акциите Студиски посети и Етвининг, процедурата за аплицирање, апликациони форми, рокови за аплицирање, буџет.
Презентацијата за Комениус, Леонардо да Винчи, Студиски посети и Етвининг ќе се одржи на 17.01.2012 во 14:00 часот. Место: ДУЦОР „Партение Зографски“ , Скопје
Објавени апликациските формулари за акцијата обука на работно место за секторските програми Комениус и Грундвиг
Националната агенција за европски
образовни програми и мобилност ги објави апликациските формулари за акцијата
Обука на работно место. За секторската програма Комениус апликацискиот формулар
за акцијата Обука на работно место може да го најдете на следниов линк (http://www.na.org.mk/komenius.html), додека за секторската програма
Грундвиг апликацискиот формулар е достапен на следниов линк (http://www.na.org.mk/grundtvig.html).
Презентација на Комениус и Етвининг - 14 декември 2011
Почитувани,
На ден 14 Декември 2011 година (среда) од 13.30-15.30 ч., Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе одржи презентација на програмата „Доживотно учење“ со фокус на подпрограмата Комениус и акцијата Етвининг во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Центар, Скопје.
Обраќање
на в.д. Директор на Националната агенција за европски образовни програми и
мобилност - г-дин Дарко Димитров
14:00-14:30
Претставување
на Програмата “Комениус”
Г-дин
Никола Јаулески, Раководител на оддление Комениус
14:30-15:00
Претставување
на “еТвининг”
Г-дин
Дејан Златковски, Раководител на одделение
еТвининг и ИКТ
15:00-15:15
Искуства
од програмата “Комениус”
15:15
- 15:30
Прашања
и дискусија со присутните на настанот
Фотографии од настанот можете да видите на овој линк.
Резултати од повикот за Комениус 2009
Резултати од повикот за Комениус 2009 во склоп на Програмата доживотно учење за Република Македонија на следниот линк.
Комениус и еТвининг презентација во СУГС “Здравко Цветковски” Скопје
На 18.03.2010 во просториите на СУГС
“Здравко Цветковски” Скопје, беше одржана презентација за програмата
Доживотно учење со посебен акцент на секторската програма Комениус и
акцијата еТвининг. На презентацијата беа присутни 12 наставници и
административен кадар, кои покажаа голем интерес за можностите што ги
нудат отворените Комениус акции за Македонија оваа година, и акцијата
еТвининг . Од средбата произлезе желба за организирање работилница на
која што практично ќе бидат објаснети процесот на аплицирање во рамките
на Комениус и користењето на алатките од еТвининг порталот. На
работилницата ќе бидат поканети претставници од повеќе училишта и истата
ќе биде одржана во термин договорен со истите.
Фотографии од настанот може да видете на
следниов линк.
Комениус и еТвининг презентација во ОУ “Св. Кирил и Методиј” Скопје
На 17.03.2010 во просториите на ОУ “Св.
Кирил и Методиј” Скопје, беше одржана презентација за Програмата
Доживотно учење со посебен акцент на секторската програма Комениус и
акцијата еТвининг. На презентацијата беа присутни 13 наставници и
административен кадар, кои покажаа интерес за можностите кои ги нудат
отворените Комениус акции за Македонија оваа година, и акција
еТвининг, како корисна алатка за училишно вмрежување.
Фотографии од настанот може да видете на
следниов линк.
Комениус и еТвининг презентација во ОУ “Св. Климент Охридски” Драчево
На 16.03.2010 во просториите на ОУ “Св.
Климент Охридски” Драчево, беше одржана презентација за програмата
Доживотно учење со посебен акцент на секторската програма Комениус и
акцијата еТвининг. На презентацијата беа присутни 28 наставници, кои
покажаа интерес за можностите кои ги нудат како отворените Комениус
акции за Македонија оваа година, така и самата акција еТвининг.
Фотографии од настанот може да видете на
следниов линк.
Презентација за програмата Комениус и акцијата е-Твининг
На 22.01.2010 во просториите на општина Аеродром беше одржана
презентација за програмата Комениус и акцијата е-Твининг. На
презентацијата беа присутни 12 преставници од 10 основни училишта и 2
градинки, како и неколку преставници на општината. Презентацијата ја
одржаа г. Никола Јаулески и г.Дејан Златковски.
Комениус работилници
Со цел информирање за акциите во рамките на секторската програма
Комениус: Подготвителни посети, Обука на работно место, Комениус
мултилатерално училишно партнерство и Комениус билатерално училишно
партнерство и зголемување на квалитетот на потенцијалните апликации, во
периодот од 11.01.2010 до 15.01.2010, се одржа Комениус работилница,
организирана од Националната агенција за европски образовни програми и
мобилност. Во рамките на работилницата беше презентирана и акцијата
е-Твининг како можна алатка за пронаоѓање партнери за Комениус
партнерства. На работилницата присуствуваа 22 претставници од 8 средни
училишта, 10 основни училишта и 2 градинки од Македонија. Работилниците
се одржаа во просториите на Националната агенција, а содржините беа
презентирани од страна на г. Никола Јаулески, г. Дејан Златковски и
г-ца Мерсиха Исмајлоска.
Оддржан информативен ден во Кичево
На 2 Декември
2009 година во општина Кичево се оддржа информативен ден за програмата за
Доживотно учење посветен на подпрограмите Комениус и Грундвиг.
На овој настан
кој предизвика огромен интерес кај пошироката јавност во општина Кичево, беа
презентирани можностите и целитена
програмата за Доживотно учење.
Во своето
обраќање градоначалникот на општина Кичево, г-дин Благоја Деспотоски го искажа
своето задоволство од оддржување настани од ваков тип се со цел граѓаните да
имаат можност преку директен контакт да ги увидат можностите и целите на
европските програми кои се отворени за Република Македонија.
Програмата
за Доживотно учење како и потпрограмите Комениус и Грундвиг пред кичевчани ги
презентираа вработените во Националната агенција за европски образовни програми
и мобилност, Мерсиха Исмајлоска и Љупка Бакарџиева.
Фотографии од настанот може да видите на следниов линк.
Оддржан информативен ден во Тетово
На 26 Ноември
2009 година во општина Тетово се оддржа информативен ден за програмата за
Доживотно учење посветен на подпрограматите Еразмус и Комениус.
На овој настан
кој предизвика огромен интерес кај пошироката јавност во општина Тетово, беа
презентирани можностите и целитена
програмата за Доживотно учење.
Директорот
на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност г-дин Бошко
Нелкоски во своето излагање потенцираше дека Тетово како универзитетски град и
град во кој има бројни основи и средни училишта максимално може да ги искористи
можностите кои ги нуди програмата за Доживотно учење особено потпрограмите
Еразмус и Комениус.
Останататите
вработени во Националната агенција пред тетовци ги претставија програмите
Еразмус и Комениус.
Оддржан информативен ден во Струга
На 19 Ноември 2009
година во општина Струга се оддржа информативен ден за програмата за Доживотно
учење посветен на подпрограмите Комениус, Леонардо да Винчи и акцијата еТвининг.
На овој настан
кој предизвика огромен интерес кај пошироката јавност во општина Струга, беа
презентирани можностите и целитена
програмата за Доживотно учење.
Програмата
за Доживотно учење ја презентираше Раководителот на сектор за општо образование
и координатор за програмата за Доживотно учење во Националната агенција г-дин
Јован Попоски.
Во
своето излагање Попоски ја истакана важноста на овие инфо денови пред се околу
остварувањето на директен контакт со крајните корисници и презентација на
можностите кои ги нуди програмата пред нив.
Останататите
вработени во Националната агенција пред стружани ги претставија програмите
Комениус, Леонардо да Винчи и акцијата еТвининг.
Фотографии од настанот може да видете на следниов линк.
Оддржан информативен ден за програмата за Доживотно учење во Битола
На 17 Ноември 2009
година во општина Битола се оддржа информативен ден за програмата за Доживотно
учење посветен на подпрограмите Леонардо да Винчи и Комениус.
На овој настан
кој предизвика огромен интерес кај пошироката јавност во општина Битола, беа
презентирани можностите и целитена
програмата за Доживотно учење.
Програмата
беше презентирана од страна на Раководителот на сектор општо образование и
координатор за програмата за Доживотно учење во Националната агенција, г-дин
Јован Попоски.
Комениус семинар, 07-10 октомври Скопје
Од 07 до 10 октомври во хотел Балзак во Скопје беше одржан семинар за
потпрограмата Комениус во организација на австриската агенција КултурКонтакт.
Коорганизатори на настанот беа австриската национална агенција и Националната
агенција за европски образовни програми и мобилност на Република Македонија. На
семинарот присуствуваа претставници на Министерството за образование и наука,
Бирото за развој на образование, промоторите на Програмата за доживотно учење
во Македонија и на Националната агенција.
Координаторот на потпрограмата Комениус за Македонија, г-ѓа Мерсиха
Исмајлоска, и координаторот на еТвининг акцијата, г-дин Дејан Златковски, ги
запознаа присутните со активностите на Националната агенција во Подготвителната
фаза на Програмата за доживотно учење во Македонија, и подготовките за полно
учество во програмата, со акцент на потпрограмата Комениус.
Од страна на претставниците на австриската национална агенција, беше даден
сеопфатен приказ на Програмата за доживотно учење на ниво на Европска Унија и
нејзината имплементација во Австрија. За потребите на македонските промотори,
гостите од Австрија детално ги презентираа методите за промоција и видовите на
активности што во австриската агенција ги користи при промоцијата и
приближувањето на потпрограмите до крајните корисници. Претставниците на
австриската агенција ја потенцираа важноста на соработката помеѓу училиштата на
меѓународно ниво.
Присутните исто така имаа можност да ги слушнат искуствата на Д-р Елизабет
Лангер, од Универзитетот во Виена, за нејзните практични искуства во креирањето
на ефективни Комениус и еТвининг партнерства, планирањето на проектите,
креирање на буџет, процесот на аплицирање, имплементација на проектите и
креирањето на завршни извештаи. Во дискусија со промотерите и Националната
агенција беа испитувани нови начини за зацврстување на соработката помеѓу
промотерите на национално ниво и понатамошно подобрување на промоцијата на
Програмата за доживотно учење.
На последниот ден од семинарот, Д-р Лангер одржа презентација пред поширок
аудиториум составен од наставници и директори на училишта од цела Македонија.