Контакт Семинар - Малта ( 20 – 23 Мај ) 2009
Нашата Држава од оваа година за прв пат се вклучува во програмата Леонардо Да Винчи, која е поддржана од Националната Агенција на Р. Македонија за европски образовни програми и мобилност.
Ние како училиште аплициравме за посета на Контакт - Семинар и добивме грант за Контакт - Семинарот кој се одржа во Малта од 20-23 Мај 2009 год.
Контакт Семинарот во Малта беше организиран со цел заинтересираните организации од различни земји кои учествуваат во Програмата Леонардо Да Винчи, да се запознаат, да развијат нови проектни идеи, да дискутираат и да договорат начелни проекти со соодветни партнери за соработка.
На Контакт – Семинарот, ја имав таа чест да го презентирам нашето училиште АСУЦ “Боро Петрушевски”, неговата структура, струките, начинот на изведување на наставата, активностите, како и дополнителната дејност како што е Станицата за технички преглед, Автошколата, Сервисот за возила, и.т.н. Беа презентирани нашите идеи за соработка, како што е размената на ученици и наставници, размена на искуства во областа на изведување на наставата, во областа на менторирањето и управувањето со човечките ресурси, и.т.н.
Интересно беше тоа што од страна на другите држави беше пројавен посебен интерес за соработка со нашето училиште.
Конкретно на Семинарот беше остварен дијалог за идна соработка со следниве држави: Естонија, Италија, Словенија, Шведска, Франција, Шпанија и Англија.
Со координаторите на Естонија и Шведска беа договорени планови за идна соработка од областа на акцијата Мобилност - “ВЕТПРО – Професионалци во стручно образование и обука ”, во што спаѓа размена на искуства на професори.
Исто така беше воспоставен дијалог за соработка со координаторите од Шпанија и Словенија, од областа на акцијата Мобилност - “ИВТ – Почетна стручна обука”, за практична работа на ученици во училишта и фирми со соодветна дејност како нашата, каде во прво време се изучува странскиот јазик, а подоцна се извршува практичната работа која придонесува за нивно стручно усовршување.
Со координаторите на останатите држави беа водени дијалози за управувањето со човечките ресурси во нивните училишта, образование за возрасни, но таквиот вид на соработка може да се изведе преку други секторски програми.
Брз основа на воспоставениот дијалог на соработка со наведените држави од ЕУ на Контакт – Семинарот во Малта, оваа година нашето училиште аплицираше во двете области (ИВТ и ВЕТПРО).
Покрај тоа што Контакт Семинарот овозможи почетни договори за идна соработка, придонесе за многу убави моменти поминати заедно со сите присутни претставници на семинарот, како и прошетки околу островот и крстарење со брод.
Навистина ми претставуваше задоволство да бидам дел од овој настан, каде имав можност да го промовирам моето училиште, а воедно и мојата држава, Р. Македонија.
Мимоза Гичевска
Проект Координатор,
АСУЦ “Боро Петрушевски” - Скопје