1.3 Младински демократски проекти
Цели
Оваа под-акција го поддржува учеството на младите луѓе во деморатскиот живот. Активноста има за цел да го охрабри активното учество на младите луѓе во животот на нивните локални, регионални или национални заедници или на меѓународно ниво.
Што е претставува Младински демократски проект?
Младинските демократски проекти се развиени од Европско партнерство што овозможува здружување на Европско ниво на идеи, искуства и методологии од проекти или активности на локално, регионално, национално или Европско ниво, со цел да се подобри учеството на младите луѓе во секојдневниот живот.
Проектот за младински демократски проекти има три фази:
- Планирање и подготовка
- Спроведување на активноста
- Евалуација (вклучително и разлислувања за можни последователни активности).
Неформалните принципи и практики за учење се одразуваат во текот на проектот.
Некои примери на активности спроведени во рамките на Младинските демократски проекти:
- Создавање на мрежи за размена, развој и ширење на добра практика во полето на младите и нивното учество;
- Консултации од и на млади луѓе, со цел да се согледаат нивните потреби и желби за работи поврзани со учеството во демократскиот живот
- Информативни настани, семинари или дебати за млади луѓе фокусирани околу механизмите за репрезентативна демократија на сите нивоа, вклучувајќи го и функционирањето на ЕУ институциите и политиката на ЕУ.
- Состаноци меѓу млади луѓе и носители на одлуки или експерти во полето на учество во демократскиот живот и демократските институции
- Настани што го симулираат функционирањето на демократските институции и улогата на носителите на одлуки
- Серија или комбинација на горе-споменатите активности, што може да се спроведуваат на различни нивоа (локално, регионално, национално, меѓународно) во рамките на временската рамка на проектот.
Што не е Младински демократски проект
Следниве активности особено не се валидни за грантови од Младинските демократски проекти:
- Статутарни состаноци на организациите
- Политички собири
- Младински размени
- Младински иницијативи.
Дополнителни информации за Младинските демократски проекти
Учество на носители на одлуки / експерти во Младински демократски проекти
Ако проектот предвидува учество на носители на одлуки / експерти во Активноста, ниту еден од нивните трошоци директно поврзан со нивното учество (патување, храна, сместување, виза, посебни потреби, итн.) не може да биде покриен од грантот на Млади во акција. Ваквите трошоци треба да бидат покриени од други извори на финансиски придонес на проектот (сопствени извори на промоторите, и/или национална, регионална, локална или приватна финансиска поддршка).
Независни промотори
Во контекст на младински демократски проекти, иако промоторите може да бидат здружени едни со други или со друга мрежа, секој промотор мора да биде независен во однос на одлучувањето, спроведувањето или финансирањето на своето дејствување.