е-Весник

Контакт

Снежана Манчева
snezana.manceva@na.org.mk
+389 2 3103 736
Млади во акција » Акција 1 » 1.2 - Младински иницијативи

1.2 Младински иницијативи

Цели

Под-акцијата поддржува проекти каде младите луѓе може да учествуваат активно и директно во активностите што сами ќе ги дизјнираат и во кои ќе имаат клучна улога, со цел да ги развијат своите иницијативи, решителност и креативност.

Што е Младинска иницијатива?

Младинска иницијатива е проект инициран, подготвен и спроведен од млади луѓе. Тој им дава на луѓето можност да ги реализираат своите идеи преку иницијативи, кои им даваат можност да бидат директно и активно вклучени во планирањето и спроведувањето на проектите. Учеството во Младинската иницијатива претставува важно искуство во неформалното учење. Исто така им овозможува на младите луѓе да се чуствуваат како Европски граѓани и да почувствуваат дека допридонесуваат за градењето на Европа.

Проектот Младински иницијативи има три фази:

- Планирање и подготовка

- Спроведување на активноста

- Евалуација (вклучително и размислување за последователни активности).

Неформалните принципи и практики за учење се одразуваат во текот на проектот.

Националните Младински иницијативи се проекти дизајнирани на локално, регионално или национално ниво и се  развиени од една група во сопствената држава.

Дополнителни информации за Младинските иницијативи

Што е инструктор?

Инструктор претставува ресурсна личност што работи со млади и/или има искуство во придружување групи на млади луѓе и го поддржува нивното учество. Тој/таа има различни улоги во зависност од потребите на дадената група на млади луѓе. Инструкторот останува надвор од Младинската иницијатива, но ја поддржува групата на млади луѓе во спроведување на проектот. Тој/таа работи со младите луѓе од време на време извршувајќи специфични задачи врз основа на потребите на групата. Инструктори може да бидат волонтери или професионалци, младински лидери или лидери на младински организации, работници во младински клубови или служби за млади итн.

Младите луѓе кои веќе учествувале во проект за Младинска иницијатива може исто така да бидат охрабрени да ги употребат своите способности здобиени за време на процесот на поддршка на други групи на млади луѓе; тие можат да имаат улога на ресурсни лица со превземање на улогата на инструктор врсник. Инструктор врсник, односно оној што ги поддржува врсниците или соработниците од иста возраст, е важна алатка што може да се употреби во Младинската иницијатива за да се развијат ефективни системи на тренирање на локално ниво.

Инструкторите можат исто така да бидат советници обезбедени од Националната агенција што се среќаваат со групата на млади луѓе неколку пати за време на спроведувањето на проектот, обично на почетокот, на средината и на крајот на процесот.

Националните агенции може да договорат состаноци меѓу потенцијалните и поранешни корисници на Младинските иницијативи за да го помогнат развивањето на системите за тренирање. За информации во врска со тренирањето, Ве молиме обратете се до Вашата Национална Агенција.

Правила за финансирање

Буџетот за проектот мора да биде подготвен согласно на следниве правила на финансирањеtl_files/docs/images/pdfIcon.png
 Критериуми за учество

Информации за критериумите на учество на следниов линк
tl_files/docs/images/pdfIcon.png

Критериуми за исклучување
Информации за критериумите на исклучување на следниов линк
tl_files/docs/images/pdfIcon.png

Критериуми за селекција
Информации за критериумите на селекција на следниов линк
tl_files/docs/images/pdfIcon.png

Критериуми за доделување
Информации за критериумите на доделување на следниов линк
tl_files/docs/images/pdfIcon.png