е-Весник

Контакт

Лулеса Илјази
lulesa.iljazi@na.org.mk
+389 2 3103 731

Деспина Србиновска
despina.srbinovska@na.org.mk
+389 2 3103 731

Леонардо да Винчи Брошура

Резултати

2009

Мобилност- PLM - (Луѓе на пазарот на трудот)

Корисници на акцијата - Луѓе на пазарот на труд: Може да бидат: работници, самовработени или лица кои се погодни за вработување (вклучително дипломци), кои поминуваат период на обука во странство во контекст на стручно образование.

Акцијата: во рамките на проектот овозможува соработка помеѓу институцијата која испраќа и организациите домаќини, како што се институциите за обука, училишта за стручно образование и обука или претпријатија. Ангажманот  за обука се состои од период на стручна обука и/или работно искуство на учесникот во партнер организација во друга земја учесничка. Доколку обуката се одвива во институција за обука, треба јасно да се дефинира поврзаноста со практичното искуство и потребите за обука на учесникот. Локацијата за обуката се смета за период на професионална обука и/или работно искуство, преземено од еден учесник во партнерска организација во друга земја-учесник.