е-Весник

Контакт

Јован Попоски
jovan.poposki@na.org.mk
+389 2 3103 737

Дејан Златковски
dejan.zlatkovski@na.org.mk
+389 2 3103 748

Еразмус брошура

Резултати

2009

Доживотно учење » Еразмус » Акции на Еразмус » Мобилност на студенти

Мобилност на студенти

Децентрализираните Еразмус акции ќе бидат во надлежност на македонската Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, од наредната 2010 година.

  • Вид на мобилност: Студентите одат во друга земја со цел да учат во високо- образовна институција или да стажираат/ работат во некоја компанија
  • Времетраење: 3- 12 месеци
  • Квалификуваност на кандидатите: Апликантите треба да се редовни студенти запишани во втора година (или повисоко), и да имаат Македонско државјанство.
  • Изборна процедура: Изборот на студентите се врши на универзитетот/ факултетот на студентот. Изборот мора да е фер и транспарентен, без конфликт на интереси. Критериумите за избор ги одредуваат образовните институции, и може да се засновани на академски заслуги, мотивација, соодветно познавање на странски јазик, итн.
  • Договор за мобилност: Пред заминувањето, студентите потпишуваат договор со нивните факултети кој го вклучува договорот за учење кој ги дефинира предметите кои студентот ќе ги полага и бројот на кредити во ЕКТС кои тие предмети ги носат.
  • Процедура пред заминување: Во принцип, студентите добиваат 80 % од Еразмус грантот пред заминувањето, освен ако нивните матични институции не одлучат да ја доделат целата сума. Матичните институции мора да им обезбедат на студентите кои заминуваат во странство копија од Еразмус Чартерот, кој ги дефинира основните права и обврски на студентите кои учествуваат во Еразмус.
  • Процедура по враќање: По враќањето на нивните матични универзитети, студентите треба да достават транскрипт (препис) на оценките од универзитетот кој им бил домаќин, како и извештај. Тогаш ги добиваат останатите 20 % од Еразмус грантот.
  • Забелешка: Студентите не треба да плаќаат никакви трошоци. Периодот на мобилност мора да е препознаен и признат од домашната институција, во согласност со договорот за учење.