е-Весник

Контакт

Никола Јаулески
nikola.jauleski@na.org.mk
+389 2 3103 735

Комениус брошура 2010

Резултати

2009

Доживотно учење » Комениус » Акции » Мултилателарни училишни партнерства

Комениус - Мултилатерални училишни партнерства

Комениус мултилатерални училишни партнерства - имаат за цел да ја зголемат европската димензија на образованието, преку промовирање на заеднички активности за соработка помеѓу училиштата во Европа. Преку проектите, учениците и наставниците од различни земји добиваат можност да работат заедно на една или повеќе теми од взаемен интерес. Училишните партнерства, исто така на учениците и наставниците им помагаат да стекнат и подобрат вештини, не само на темата од предметната област на која е фокусиран проектот, туку и во рамките на тимската работа, социјалните односи, планирањето и спроведувањето на проектните активности и употребата на информатичката и комуникациската технологија (ИКТ). Учеството во партнерства со училишта од различни земји, исто така на учениците и наставниците им дава можност да вежбаат странски јазици, и притоа се зголемува нивната мотивираност за учење на странски јазици. Мултилатералните училишни партнерства мора да вклучуваат училишта од најмалку три земји учеснички. Едно од училиштата мора да дејствува како координатор. Строго се препорачува, во фазата на аплицирање да се назначи кои од партнерите доброволно би дејствувале како замена на координаторот, доколку првично наведениот координатор е одбиен во текот на постапката за избор.


Повеќе информации во :


•    Водичот за апликанти.

•    Повикот за предлог проекти за програмата Доживотно учење.

•    Прирачникот за Комениус училишни партнерства.