Трансфер на Иновации
Целта на Леонардо да Винчи Мултилатералните проекти “Трансфер на иновации” е да го докажат
квалитетот и атрактивноста на Европскиот систем за стручно образование и обука
со адаптирање и интегрирање иновативни содржини и резултати од претходни
Леонардо да Винчи проекти, или од други иновативни проекти во јавни и/или
приватни стручни тренинг системи и компании на национално, локално, регионално,
или секторско ниво.
Процесот на трансфер
на иновации, содржини на обука или резултати го содржи следното:
- Идентификација
и анализа кон што се цели за потребите на корисниците;
- Селектирање и
анализа на иновативни содржини, со цел да им се излезе во пресрет на овие
потреби и анализа на спроведување на
трансферот;
- Негова интеграција
или сертификација во европски, национален, регионален, локален и/или секторски
тренинг систем или вежби.
Ова подразбира:
- Негово
прилагодување во тренинг системите, културата, потребите на корисниците (модернизирање на продуктот, итн.);
- Негово трансферирање
во нови социо-културни и лингвистички контексти;
- Негово
користење во нови сектори и нови целни групи, и негово вклучување во јавни или
приватни структури за обука.