Комениус - Мултилатерални проекти
Комениус мултилатерални проекти - се спроведуваат од страна на конзорциуми, кои работат заедно за да се подобри почетната обука или обуката на работното место за наставниците и други категории на персонал кои работат во училишниот образовен сектор, за развивање на стратегии или размена на искуства за подобрување на квалитетот на наставата и учењето во училницата. Од секој проект се очекува дека ќе даде одреден резултат кој може да се идентификува – на пр: нов наставен план, курс за обука, методологија, стратегија за настава, наставен материјал- со кој се исполнуваат потребите за обука за дефинирана група на образовен кадар, земајќи ги во предвид реалните ситуации во секоја од земјите учеснички. Се охрабрува употребата на сите можни методи, вклучително и информатичките и комуникациски технологии, за продукција и дисеминација на материјали за обука за најголемиот можен аудиториум.
Повеќе информации во :
• Водичот за апликанти.