Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е
Јавна Институција која е формирана со Закон донесен од страна на
Собранието на Република Македонија.
Целта на Националната агенција за европски образовни програми и
мобилност е промоција и спроведување на европските образовни програми
во Република Македонија.
Националната агенција со остварување на програмите придонесува во
развојот на заедницата како општество засновано на напредно знаење, со
одржлив економски развој, повеќе и подобри работни места и поголема
социјална кохезија, истовремено обезбедувајќи заштита на средината за
идните генерации а особено размена, соработка и мобилност во областа на
образованието и обуката.
Корисници на програмите можат да бидат: ученици, студенти, наставници,
професори обучувачи и друг персонал кој е вклучен во било кој дел од
образовниот процес, претпријатија и други правни лица вклучувајќи ги и
трговските друштва, стопанските комори и други здруженија на правни
лица од областа на индустријата, истражувачки центри и тела како и
здруженија на граѓани и фондации.
Главни корисници на програмите ќе бидат:
- Комениус - основните и средните училишта
- Леонардо да Винчи - сите институции кои се вклучени во стручно образование и обука
- Еразмус - универзитетите
- Грундвиг - сите лица кои го прекинале своето образование на определено ниво
- Е-твининг - основни и средни училишта, детски градинки
- Млади во акција - невладини организации, јавно тело, неформална група на млади луѓе